Фудбал

Ам ен Инглишмен ин Сан Сиро

После скоро 11 години, Ешли Јанг стана првиот Англичанец кој дал гол на „Сан Сиро“. Некогашниот заменик-капитен на Манчестер Јунајтед, синоќа ја начна мрежата на Бреша (6:0). Претходно Дејвид Бекам беше англиски стрелец на култниот стадион со гол на 28 јануари 2009-та на дуелот Милан - Џенова.

Ова е за суспензија до крај на сезона

Федерико Бонацоли од Сампдорија синоќа го направи најнеспортскиот потег на сезоната, а ужасот е уште поголем што не доби ни картон за ова. Па некои работи ни во боречки ринг не се дозволени, а не па на фудбалски натпревар. Каков кромидарник, со крампони директ во лице.

Бомба на ветеранот Флокари на која реагираше и Златан

Серџо Флокари и Златан Ибрахимовиќ се врсници од по 38 години, а шоуто на вечерашниот меч го украде напаѓачот на СПАЛ кој му ја испука на Донарума домаќински за предност од 2:0 веќе по 30 минути игра.

Милан се спаси со автогол на месецот

Милан губеше 2-0 на гостувањето кај СПАЛ и на крај само благодарение на тоа што домаќинот доби два црвени картони, успеа да извади 2-2 со автогол во 90+3' минута.

Каква мајсторија на Вејн Руни од слободен

После 18' минути фудбал меѓу Престон и Дерби Каунти, ветранот реши да го проба шутот од слобден удар. Голманот не мрдна, а топката падна како сув лист. Ова беше победнички гол на мечот и дури 5-ти триумф по ред на Дерби Каунти кој со 15 освоени бода стигна на поен од место кое води во плејофот за Премиер.

Анчелоти и нашиот со козите во близина на Милано

Три пати го прочитавме коментарот под нашата објава за тренерот на Евертон, ама не сконтавме која му е поентата и зошто побогу мисли дека ова ќе стигне до Карло? Граматичкиот дебакл е друг муабет.

Незапирливиот Имобиле со ова темпо на голови би бил прв стрелец во 79 сезони од 87

На секој меч во просек дава по еден гол, но следно коло ќе го пропушти Милан поради картони. Му бега со 5 комада на Роналдо во Серија А, а има 5 помалку од Левандовски во трката за Златна копачка. Кои се напаѓачите кои има реални шанси да ги мине во Италија и да стане прв во историјата?

Живи комедии со Анчелоти на прес

Карло Анчелоти го фатија неспремен новинарите. Добива прашање за заминувањето на Лук Гарбут кој од 2009-та е член на Евертон, а тој појма нема кој е нит знае дека повеќе не е член на клубот кој го тренира.

Кучето што може да игра стопер

Па да, можеби не разбира некои дриблинзи, не му се јасни движењата, ама за него важи онаа народната „топка проаѓа, човек не“. Оди дрибни го да те видам.

Уште 9 рунди до скудетото, кој има полесен распоред?

До 2 август за кога е закажано последното коло во италијанската лига има уште 9 кола во кои ќе се решат многу прашања. Најглавното е кој ќе го освои скудетото.

Фудбалскиот пат на Хакими, кој во Реал го трампале за неколку топки

Во февруари годинава, во Бундеслигата беше поставен нов рекорд во брзина на трчање, дело на Ашраф Хакими кој против Унион Берлин трчаше со 36.5 км на час. Има 21 година, а веќе стапна во Ла Лига, Бундес, а сега најново ќе игра во Серија А. Историјата за него ја раскажува човекот кој го откри.

Зидан, враќај го малиов, дроби во Мајорка

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски доби шанса во 83' минута на мечот на кој неговата Мајорка со 5-1 ја прегази Селта Виго. Хрватот Анте Будимир даде два гола, ама шоуто го направи Такефуса Кубо (19) кој учествуваше во 4 од 5 гола.

Лео 700

Љубителите на фудбалот мора да бидат благодарни и среќни што живеат во ера на еден од најголемите фудбалери во историјата. Меси синоќа го постигна својот 700-ти гол во својата кариера (клупска и репрезентативна).

Black Lives Matter ја прекардашија, па Премиер лига полека крева раце од нив

Со сите почести и солидарност, сите англиски клубови прифатија уште од првото коло после рестартот да носат натписи Black Lives Matter на дресовите. Сите играчи клекнуваа на колена пред старт со цел да изразат солидарност. Ама некој тоа го користи.

Ама им ја свитка Даглас Коста

Што екипиште ќе имаше овој Јуве. На добиен меч синоќа против Џенова на гости, Сари во второ ги ставa Коста, Ремзи, Игуаин и Матуиди. Да не знаеш дали повеќе да се плашиш од стартерите или од тие од клупа. Даглас Коста влезе во 66-та, се загреа 7 минути и потоа имаш ова:

Најсрамниот пенал на сезоната го доби Атлетико

Судиите на синоќешниот дерби меч од Ла Лига тотално го изгубија компасот. Досудија три пенали од кои еден постоечки, друг сомнителен, трет тешки срамотилаци. Каква ли технологија треба да излезе за да се престане веќе со овој аматеризам.

Диего Коста да не ја играл кец?

Иако неговиот Атлетико на Камп Ноу освои златен бод (2:2) во трката за Лига на шампиони, притоа му помогна на градскиот ривал Реал да се доближи до титулата, Диего Коста синоќа ги имаше најлошите 4 минути во кариерата.

Бомбастичниот гол на Кристијано од 25 метри

Интересно, во вечерта кога Барселона објави на Твитер дека Меси го постигнал 700-от гол во кариерата, и Португалецот го постигна својот 728-ми и тоа прекрасен гол против Џенова (1-3) на гости.

Не е точно дека дебелиот секогаш брани

Ок, знаеме какви стомачни има Роналдо, ги има покажано 6.000 пати, ама гледајте за овие стомачни како се лепи топката. Фластер.

За првиот златен гол на големите натпреварувања кој падна пред точно 24 години

Кој се сеќава, кој не, првиот златен гол падна во златните 90-ти за фудбалот, време од кое паметиме многу звучни имиња, херои на нашето детство. Стрелец е поранешен шпиц на Милан, инаку специјалист за игра со глава.

Дечките изгазија со слога и сплотеност, а не со пари

Оваа доминантна “Клоп ера“ на Ливерпул е инспирација за секојдневно пишување, но веќе кажавме многу работи за нив и заслужија да ги споменеме уште овие податоци кои се за почит.

Мирко батали фудбал и Рома, пробај се во друга индустрија

Младиот италијански фудбалер ја сфатил грешката, но веќе било доцна затоа што португалскиот клуб пред време му ги спакува куферите за пат назад во Рим.

Навивач на Рома го реметеше газдата на Сампдорија

Фудбалерите на Рома минатата среда со пресврт ја совладаа Сампдорија, а мечот го реши извонредниот Един Џеко со две велемајстории. Навивач на Рома му застана на улица на газдата на Самп за да го понервира малце.

Како Јувентус и Барса го изиграа системот со интересен трансфер

Во понеделникот шпанскиот и италијанскиот шампион официјално договорија обратни трансфери па така Артур оди во Торино за 80 милиони евра, Пјаниќ во Каталонија за 70 милиони евра и на крај и двата клуба ќе имаат ќар. Како?