Фудбал

Среќен гол кој боли до солзи, ама вреди

Аманда Рантанен е веројатно единствената женска која даде гол, не со нога, глава, колено или стомак, туку со нос. И тоа јакото е што оваа чудесија и успеа на 0:0 во 95-та за конечни Шкотска - Финска 0:1. Не можеш ова да го изрежираш и да сакаш.

И Ешли Јанг имаше шампионска утка

Не може да се носи со тaа на Манчестер Сити, бидејќи таквa ќе нема повеќе сезонава, но сепак и неговaва е за срамои. Сам се ушептрља на гол линија.

Несфатливо е ова промашување на Сити

Не дека имаат место за паника, бидејќи секако се веќе пласирани во топ 16, ама вечерва во Порто, момците на Гвардиола ја произведоа најголемата утка оваа сезона во Лига на шампиони. Па ова беше потешко да се промаши од таа позиција.

Интер се врати во игра за осминафинале, Реал повторно поразен од Шахтјор

Атлетико Мадрид и Аталанта пропуштија победи на домашен терен и сега се доведоа во ситуација во последно коло да играат директни дуели за второ место во А и Д групата, каде Баерн и Атлетико се сигурни патници. Во групата Б е каша попара, а група Ц е решена.

Само Бразилец може да смисли ваква асистенција

Во азиската Лига на шампиони Јокохама со 4:1 го победи Жеонбук од Јужна Кореа. Третиот гол на мечот, во 71' кој го даде Терухито Накагава беше по ненормална асистенција на 26-годишниот Бразилец Ерик.

Бисерот кој на 20 години ја однесе Унгарија на Европско и блеска во Лига на шампиони

Потенцијално една од најголемите ѕвезди на Европското првенство следната година ќе биде младиот Унгарец кој стои на прво место во тефтерите на Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Јувентус.

73 години припаѓаат на австралискиот фудбал, а се ежат кога се скандира Македонија

И покрај тоа што оваа приказна е оддалечена 15.000 км од кај нас, во неа има македонштина всадена од порано која зрачи и ден денес. „Нашето наследство е чисто македонско и нашата култура е македонска“, вели првиот човек на клубот.

Германија цврсто се држи до Јоги Лев кој неуспешно се држи до свои принципи

Во понеделникот вечер Германскиот фудбалски сојуз (DFB) објави: На Евро2020 репрезентацијата на Германија ќе ја води селекторот Јоаким Лев и нема никакви промени. Ова е дополнителен удар на интересот на германската јавност за бундестимот.

„Ла Мано де Диос“ во изведба на Марадона

Фудбалскиот свет некако со посебна страст се изразува и со денови го испраќа Диего Армандо Марадона. А пак за неговата страст да не зборуваме. Цел живот го живееше така, не само фудбалот. Погледне со колкава жар и емоции пее песна за себе и колку моќна кулминација има во рефренот. Морници.

Кавани го чека казна поради поинакво толкување на зборот црнче во разни земји

Во неделата вечер Манчестер Јунајтед губеше со 2-0 но на крајот благодарение на неверојатниот Единсон Кавани успеа да направи целосен пресврт и да слави со 2-3. Ама Уругваецот сега е на удар на англиската јавност и го чека казна.

Со просечен тим освои 2 скудета и го крунисаа за крал

Доаѓа во сиромашниот Југ и среќава скромна екипа со ограничени можности. Во конкуренција на моќните и богати Интер, Милан и Јувентус на Наполи му носи две скудета и ја добива титулата крал на Неапол.

А сте ги виделе Марадона и Меси на серва и тоа од иста?

Снимката е од 2005-та. Диего има 45 години, а Лео 18. Во другиот пар е Карлос Тевез со уште еден. Нема потреба да ви кажуваме кој е главен и како ќе заврши. Абе и со газ им ја враќаше.

Од Зајас стигна најубавиот гол во Македонија

Во 6. коло од Трета македонска фудбалска лига, капитенот на ФК Љуботен, најстариот клуб во земјава, Дејан Савески го постигна најубавиот гол на сезоната против ФК Зајас на гости.

Зезнато е кога нема публика и сè се слуша

Арсенал изгуби дома 1-2 од Вулверхемптон и продолжи серијата слаби резултати под водство на Микел Артета. Фрустриран беше и стоперот Роб Холдинг кој по еден дуел со гигантот и најголем билдер меѓу фудбалерите Адама Траоре изнервиран се издра на цел глас.

Добро го тоа мислеше, лошо го тоа направи

Еден поинаков автогол од сите други ни доаѓа од Словенија, каде играчот со број 4 во вода му го фрли трудот на голманот и уште поточно, му ја поништи одбраната од пенал.

Најтешкиот гол на Бомбонера пред ќерката на Диего

Во меч на два поранешни клуба на Марадона во аргентинскиот лига Куп (од 25 ноември Куп Диего Армандо Марадона), Бока со 2-0 го победи Њуелс. Едвин Кардона ги постигна двата гола кои играчите му ги посветија на Диего пред ќерка му.

Ајде на тренерот да му вртиме во карантин

Милан не памети ваков старт во Серија А изминативе години. Ја совладаа Фиорентина без Ибра и сега имаат скор од 7 победи и 2 нерешени. Тоа се +5 од Интер и Сасуоло и +6 од Јуве, Наполи и Рома. Кеси му направи изненадување на Пиоли со кој створија хемија.

Мајсторија на Инсиње во чест на Марадона

Во Неапол и вечерва сè е во знакот на Марадона. Против Ријека Елмас и другарите играа со 10-ка на грбот, а вечерва против Рома се појавија со дресови во аргентинска верзија. Лоренцо ја опали домаќински од слободен удар и потоа се знае. Наполи во 65-та поведе со 2:0, а Елиф е на клупа.

Меси даде еврогол, па на емотивен начин му оддаде почест на великанот

Во првиот меч кој Меси го заигра по смртта на Диего (Лео не патуваше претходно во Киев против Динамо во ЛШ), капитенот на Барса едвај чекаше да ја затресе противничката мрежа. Успеа во 73' минута за 4-0 со еврогол и го соблече дресот под кој носеше дрес од Њуелс Олд Бојс со број 10.

Сега ли најде струја да снема на сред пенал?

Во фудбалската лига на Малта, на мечот меѓу Марса и Сент Ендрјус после 1 час игра, домаќинот добива пенал при резултат 2-0. И тргнува изведувачот да зголеми на 3-0, ама се случува нешто интересно.

Кога голман пиел претходната вечер

Некогашниот македонски репрезентативец Душан Савиќ кој играше за неколку овдешни клубови, сега настапува за ФК Дубочица од Лесковац. На мечот против Раднички Пирот во втората српска лига Савиќ постигнал хет-трик а еден од головите му бил поклон од гостинскиот голман Растко Шуљагиќ.

Диего и Хернан, од срце

Куса сторија со пример колку голем беше Марадона и колкава почит имаат другите за него.

Многу емоции и солзи на Анчелоти и Симеоне за Марадона

Карло Анчелоти и Диего Марадона никогаш не играа заедно, туку беа противници како играчи на Наполи и Милан на почеток на 90-те. Но стратегот на Евертон делуваше скршено додека му оддаваше почит пред мечот со Лидс, како да го испраќа најдобриот другар.

Мислевте дека Левандовски царува само во шеснаесетник?

Важи за класична голгерска 9-ка која не простува и владее во опасната зона за шут, ама чекајте да видите како се однесува кога ќе го остават сам на 20 метри. Џабе си ги испржи прстите голманот на Штутгарт.