Фудбал

Џиџи Буфон и фашизмот, депресијата, кладилниците и судиските одлуки

Точно, познат е како голманиште, со години еден од најдобрите и најиздржливите во свет, како и људина од човек. Но, како што вели самиот и тој е човек кој греши и е свесен за тоа. Плус отворен и искрен за проблемите кои ги имал во животот, како што е депресијата.

После Истанбул Пирло сакал да заврши кариера, Гатузо да замине, Анчелоти не спиел

Најлудото финале во историјата на Лига на шампиони и 15 години подоцна уште ги боли играчите и навивачите на италијанскиот трофеен гигант.

Сите мислат на фудбалерите, а некој во кризава да помислеше на редарите?

И покрај тоа што сочинуваат повеќе од 60% од вработените на стадионите во првите две германски лиги, малку кој мисли и ги поддржува овие работници за трета страна кои изгубиле за време на коронавирусот.

Мајсторот кој улицата не го заборава

Мароканецот Адел Тарабт е еден од оние фудбалери кои може да не ги видите цел натпревар и после со еден потег да фрлат сенка и на резултатот и на головите и на шансите. Смени еден куп клубови, играше во Ленс, Тотенхем, Квинс Парк Ренџерс, Фулам, Милан, Џенова и на крај се скраси во Бенфика која му ја спаси кариерата.

Азар како шило

Еден од најјаките соло голови, Еден го постигна лани против Вест Хем. Ко Жути Миркуловски им се проби.

Ваков гол паѓа еднаш во кариера, нема вторпат, знае Младен

Фантастичниот хрватски напаѓач Младен Петриќ пред 10 години за германски Хамбург, во Куп на УЕФА против Стандард во Лиеж во полуфинале постигна два гола од кои еден стварн надреален.

Роналдињо го снимаа додека му ја кажуваат одлуката за мерката притвор

Со оглед на пандемијата на коронавирусот во цел свет, бразилскиот фудбалски ас од судница го поврзаа преку видео кол во неговата ќелија.

Не му верувај на Мурињо ни кога подароци носи

Португалскиот тренер призна дека згрешил откако се најде на удар на англиската јавност поради тоа што е виден во еден локален парк како тренира со Тангуи Н'Домбеле, негов играч од Тотенхем.

Сега знаеш кај е топката Месут?

Епа не е повеќе кај мене, му рече Вилфред Заха во еден дуел.во кој џабе се трудеше Германецот.

Со Венгер на тренинг

Додека играчите трчаат кругови, се истегнуваат или работат нешто трето, францускиот професор знаеше да си поигра со некоја слободна топка. И да покаже дека во младоста не залудно бил професионален фудбалер во француски клубови.

Играч, капитен, претседател - како Куба Блажчиковски ја спаси Висла од пропаст

Полската лига беше една од првите која сопре со фудбал поради коронавирусот, а таквиот развој им нанесе голем удар на сиромашните и помали клубови во оваа земја.

Волејот на Робен на Олд Трафорд, ама во долен агол

ЛШ 2009/2010, четвртфинале: Баерн дома го доби Манчестер Јунајтед 2:1, ама на реваншот губеше со 3:1. што значи им треба уште еден гостински гол за пласман во полуфинале. Нема проблем. Рибери оди изведи корнер, ама не ме барај внатре во густото.

Патот и головите на непобедливата Југославија до Мундијалот 1990

Ова во наслов „непобедливата“, не е кажано колку за илустрација колку биле јаки, туку дека до нивното последно учество на едно Светско првенство, навистина стигнаа без пораз. Прашајте го Мишел Платини кој беше жртвата.

„Љубо Пенев беше суеверен, последен влегуваше во автобус, чекаше прво сите да влезат“

Под тренерската палка на големиот Антиќ поминале фудбалери како Чави, Иниеста, Диего Симеоне, Овермарс, Пујол, Де Бур, Пантиќ, Љубо Пенев, Георге Хаџи, Јеро, Маноло.

Суарез и ластата после голот против Евертон

Како што играше во Ливерпул ниту на едно друго место не играше. Ги решеташе противниците буквално од викенд во викенд. Без разлика дали играа против Манчестер Јунајтед, Сити, Арсенал, Челси или Саутенд во Купот, Уругваецот го радуваше КОП.

Кога Даглас Коста и Фред дробеа заедно во Шахтјор

Едно што е многу брз, а друго што не знаеш каква бразилска финта те очекува во дуел со него. На едниот му се случи прање мозок, а на вториот му направи лажни очи. Остатокот го доврши Фред.

Приемот на Зидан беше нешто посебно

Добро бе како можеше така да го игра фудбалот овој човек? Таа велелепна мајсторија, елеганција и леснотија во нозете ја имаше само тој и кога ќе фатеше топка, мислиш ќе ти ја сокрие. Кан, Бордо, Јуве и Реал имаат посебна привилегија што го имаа.

Голот на Антиќ против Ман. Сити кој во Лутон уште се памети

За преубавата кариера на Радомир Антиќ во Шпанија се знае многу, но ретко кој слушнал дека Ради, како што го викаа во Англија, го спасил Лутон од испаѓање против Манчестер Сити.

Голови од паркинг после кои трибини се фрлаа во делириум

Има такви моменти кога играч се решава да опали од 40-50 метри и да гледа како илјадници го следат патот на топката дали ќе заврши во мрежа. Спектакуларни погодоци на Руни, Чаби Алонсо и други.

Шокот на европскиот првак Милан наречен Депортиво Ла Коруња

Ливерпул не им е единствена ноќна мора кога мислеа дека фудбалот трае едно полувреме. Лоши спомени имаат и од еден шпански колектив без ѕвезди, кој со голема желба и упорност се избори за сензационален кам бек, еден од најјаките во ЛШ.

Најлудото финале пред Истанбул се одигра во Дортмунд каде паднаа 9 гола

Финалето на Куп на Уефа 2000/2001 Ливерпул - Алавес заврши 5:4. Овој меч влезе на листата најлуди некогаш одиграни. Некој не би погрешил доколку би го ставил рамо до рамо со драмата во Истанбул.

Артурито од Ла Каса де Папел навива за Валенсија, би ограбил банка за Меси

Глумецот Енрике Арсе е многу познат во Шпанија. Се дружи со капитенот на Валенсија Дани Парехо, го обожава митскиот Аргентинец Кемпес и сака играчите да ги имаат квалитетите на ликот Берлин.

Баџо, Јуве во Фиренца и култниот шал од трибините

Во 1991 година Роби Баџо се враќа во градот на Медичи откако со голем успех го носеше дресот на Фиорентина. Доаѓа со неговиот нов клуб Јувентус и во еден момент од мечот одбива да го изведе пеналот за Јуве. Му го дава на Де Агостини кој промашува и Фиорентина на крајот слави 1:0 со гол на Диего Фузер.

Кога Меси си поигра со Арсенал, ама четири пати

Од тој меч поминаа 10 години, а Барселона и Арсенал се сретнаа во четвртфиналето на ЛШ. Едноставно ги потепа и ниту еден друг играч во историјата на елитното натпреварување нема постигнато толку голови против англиските екипи.