Диего Армандо Марадона го најде мирот. Погребан е на гробиштата "Жардин Бела Виста" покрај мајка му Доња Тота и татко му Дон Диего кои починаа во 2011-та и 2015-та година.
Откако беше оставено во претседателската палата каде се поздравуваа еден куп луѓе, телото на Марадона го однесоа на гробишта, а многу негови фанови трчаа по него низ улиците на Буенос Аирес. Некои премногу се доближуваа до возилото, па на полицијата повторно им се отвори работа.
25-ти, 26-ти и 27-ми ноември ќе останат запаметени како едни од најтажните денови за Аргентина. Во првиот ден им почина најголемиот, вториот ден се поздравуваа со него во претседателската палата и во третиот се случи погребот.
И покрај тоа што семејството барало последниот поздрав со Диего да биде интимен чин, сепак медиумите најдоа начин како да известуваат и на гробишна снимаа со дрон.
Ел Диего не почина од срцев удар, како што првично пренесоа медиумите, туку неговото срце престанало да работи. Починал дома, мирно и тивко во сон. Обратно од начинот на кој го живееше животот до последниот миг.
Тој вечно ќе живее во срцата на фудбалските фанатици.
Hasta siempre, Diego. HASTA SIEMPRE 😥 pic.twitter.com/g16QuYnd8M
— TyC Sports (@TyCSports) November 26, 2020
La despedida a Diego Maradona se descontroló. Así fueron los incidentes frente a la Casa Rosada donde se realizó el velatorio.
— Telefuturo (@Telefuturo) November 26, 2020
🔴 EN VIVO: https://t.co/JbiqjPiFT6 #TelefuturoPy #TelediarioPy pic.twitter.com/qGqhZky6NL
“Ahoga la emoción…”. El comentario de @VHMok en el momento en que el féretro de Diego Maradona llegó al cementerio Jardín de Bella Vista pic.twitter.com/5MuRhaU110
— C5N (@C5N) November 26, 2020