Фудбал

Веќе го викаат новиот Жунињо

Нестори Иракунда има 19 години. Баерн Минхен пред неколку години го купи од австралискиот клуб Аделаиде Јунајтед и во 2024-та го доведе во Баварија како полнолетен. Не се наигра многу за Баерн па го пратија на позајмица во Вотфорд. А таму на 4 меча веќе има 2 гола и тоа двата од слободни удари и 1 асистенција.

Најбогатиот тренер од откази се вика Жозе Мурињо

Не веруваме дека е нешто загрижен „специјалниот“ што доби отказ од Фенербахче, бидејќи и онака не му легна турскиот фудбал, кој без пардон го критикуваше. А платата? Платата ќе му тече и со седење дома. Стандард.

Тркот на Собослаи од 200 метри напред назад

Доминик Собослаи го реши дербито Ливерпул - Арсенал со голчиште од слободен удар кое беше во фокусот. Но, аналитичарите во Премиер лигата забележаа и нешто друго, кое тешко се гледа во пренос. Унгарецот игра во среден ред, но погледнете го колку се жртвува за тимот на цел терен. Истрча од гол на гол во два правци, за прво да учествува во напад, а потоа да помогне назад. Цар.

Новата авантура на Арон Рамзи

Велшкиот репрезентативец, ветеранот Арон Рамзи решил да замине преку океанот, во Мексико. Потпишал со Пумас а веќе на вториот меч влегол од клупа за резерви и дал гол во судиско продолжение за победа над Атлас. Рамзи верува дека ќе може да влезе во потребната форма за следната година да настапи на Светско првенство во случај ако Велс таму се пласира (се надеваме нема зошто Македонија е во група со нив).

Го имаме ли најатрактивниот хет-трик некогаш виден во Франција?

Сте виделе ли до сега некој да постигне три гола на еден меч, ама сите јаки и тоа два со ножички? И тоа не е ова дело на напаѓач, туку на Жоао Невес од ПСЖ, кој има само 20 години и игра во среден ред. Тулуз - ПСЖ, конечни 3:6.

Каков циркус направи управата на Милан

Американскиот фонд кој го води 7-кратниот европски шампион Милан летово направи каша-попара со составот. Откако пред неколку години го отпуштија легендарниот Паоло Малдини кој во улога на извршен директор им донесе прво скудето после долго време, во Милан состојбата е циркуска. Дојде Игли Таре како нов спортски директор, а летово се продадени или позајмени 19 играчи од минатата сезона. Дојдоа некои полу-анонимуси.

Падна нов британски рекорд - Исак потпиша со Ливерпул

После неколку месечно тегавење, конечно на крај во последните мигови од летниот преоден рок, центарфорот на репрезентацијата на Шведска од Њукасл се пресели во Ливерпул и тоа за нов британски трансфер рекорд.

Елмас со насмевка се врати дома

Во очи на репрезентативните обврски против Саудиска Арабија и Лихтенштајн, Елиф Елмас се обезбеди со клуб и тоа онаму каде што му беше најубаво. Во Наполи.

Врвна мајсторија во Бугарија, овој пат на Мајкон

Интересно беше колото во бугарскиот фудбал викендов, каде бележиме два лудница голови и тоа на презимиња идентични со двајца славни играчи од златната генерација на Интер. Првиот на Ето од ЦСКА Софија, а вториот на Мајкон од Левски Софија. Ова може на крај да биде прогласен и за гол на сезоната.

Каша попара пред гол на мечот Интер - Удинезе

Интер киксираше во 2. коло од Серија А против Удинезе со 1:2 и тоа после водство. Готови беа да израмнат во 69-та минута, ама настана таков карамбол пред гол, што веќе не се знаеше кој што прави со топката.

Крајно сељачки потег на Суарез

Луис Суарез е стварно копук. Џабе толкав стаж во 9 клубови, во 6 земји, џабе трофеи и 300 камери кои му ги снимаат идиотските потези. Овој пат не гризна никого, туку плукна во фаца член на обезбедувањето на Сиетл, од кој Интер Мајами загуби 3:0 во финалето на Лига Купот.

Го видовте ли евроголот на колото кој го реши дербито во Премиер?

Шарени резултати имаше викендов во 3. коло од Премиер лигата. Тотенхем загуби дома од Борнмут, Манчестер Сити се посрамоти против Брајтон после водство од 0:1, а Манчестер Јунајтед се извади против Барнли во 97-ма минута. 83 минути беа потребни да видиме гол на дербито Ливерпул - Арсенал, кое го реши Доминик Собослаи со прекрасен слободен удар.

Лудачки гол во Бугарија од 50 метри на Ето

Се вика Џејмс Ето, игра за ЦСКА Софија, Камерунец е, ама не му е син на славниот Самуел Ето. Но, тоа не го намалува фактот дека веќе е кандидат за гол на сезоната во Бугарија. Ама ја опали на прва.

Дали озбилно му даде црвен на спикерот?

Мечот меѓу Универзитатеа Крајова и Истанбул Башакшехир од Конференциската лига во четвртокот, ни носи ново поглавје во фудбалот. Спикерот на романскиот тим, кој славеше 3:1, доби црвен. Немаме видено вакво нешто до сега. Вие?

Милан Илоски: Пораснав со македонските вредности, би ја разгледал можноста доколку добијам повик

Рекордер во историјата на МЛС лигата со најбрзи 4 гола е дело на фудбалер со македонско потекло. „Горд сум што сум од Македонија“, вели 26 годишниот Илоски.

Задржување време на индиски начин

Индија има 1:2 на гости против Таџикистан и добива слободен удар на истекот од 7 минута судиско продолжение, а ќе се играат 8. Значи има шанса за 1:3. Арно ама...

Блескаво деби на Жоао Феликс со хет-трик

Само 10 дена откако стрелаше на првиот меч за Ал Наср, во полуфиналето од Супер Купот на Саудиска Арабија, Жоао Феликс уште појако дебитираше во првенството. Даде три комада против Ал Тааун на гости, од кои два убави голови за конечни 0:5. Со гол дебитираше и другото големо засилување на Ал Наср, а тоа е Кингсли Коман од Баерн. Роналдо погоди од пенал.

Реакцијата на фудбалерите на Каират кога им се падна Реал

Во Лига на шампиони сезонава ќе гледаме три дебитанти: Пафос од Кипар, Бодо Глимт од Норвешка и Каират Алмати од Азербејџан. Се изнарадуваа за време на ждрепката, во моментот кога дознаа дека ќе играат против 15 кратниот европски првак.

Најдраматичниот меч поен кој ќе го видите на УС опен

Томи Пол и Нуно Боргес изрежираа луд финиш во петтиот сет од 2. коло на УС опен. Португалецот успеа да израмни на 2:2 после негативата од 2:0, но немаше одговор во оваа луда завршница во која повеќе среќа имаше Пол.

Шкендија ги дозна шесте противници, има патување во Шпанија

По елиминациите во Лига на шампиони и Лига Европа, македонскиот првак ќе игра во групната фаза во третото по ранг клупско европско натпреварување. Предизвикот е голем за тетовчани.

Невесто паузирај свадбата, ќе се шутира пенал за историја

Каират стана втор клуб од Казахстан после Астана, кој успеа да влезе во Лига на шампиони. Тоа го стори на најстресен и драматичен начин, преку пенали во дуел со Селтик. По свадби се гледаа пеналите.

Шансата на Шкендија вредна Лига Европа

Шкендија не успеа да го одбрани триумфот од 2:1 против Лудогорец на домашен терен и загуби со 4:1 во продолженијата од реванш 3. квалификациско коло. Македонскиот првак беше готов да влезе во групи во Лига Европа и да го повтори историскиот успех на Вардар од пред осум години, но Фабрис Тамба кој стрелаше за конечни 2:1 во регуларните 90 минути, се претвори во трагичар. Излезе пред голман и тоа во финишот од средбата, но не успеа да реализира.

Која црна тактика бе другар, четврта лига се

Како што стојат работиве и Рубен Аморим го чека иста судбина како неговите претходници, кои брзо беа бркани од Олд Трафорд. 10-ти тренер е во последниве 12 години. Што ли црташе на таблата против тим кој се вика Гримзби Таун? 5:0 со втор тим треба да ги тепаш. Без никаква тактика.

И на голманот на Гримзби му е глупо, за Манчестер навива

„Јас сум навивач на Манчестер Јунајтед и во себе сум полубесен за ова што се случи. Ова е една од оние ноќи поради кои сакаме да играме фудбал. Сè уште не сум свесен што направивме“, рече Кристи Пим, еден од хероите на четвртолигашот кој го елиминираше славниот премиерлигаш.