Фудбал

Челси со убав гест за својот некогашен капитен

Англија е вековна фудбалска колевка. Ако некаде се почитуваат вредностите и има чест за поранешни клупски играчи и тренери, тоа е во Англија. Така синоќа пред дуелот од полуфиналето на Светско клупско првенство меѓу Челси и Флуминенсе кој заврши 2-0 за тимот од Лондон, луѓе од управата на сините му подариле дрес на нивниот некогашен фудбалер а сега капитен на Флуминенсе, 40-годишниот Тиаго Силва.

Мареска во тонч со бразилски новинар

Стратегот на Челси пред полуфиналето против Флуминенсе зборуваше дека европските клубови, за разлика од бразилските, на Светското пристигнале под други околности. Челси одиграл 63 меча во текот на сезоната, па го праша новинарот колку одиграле тие? Немаше реплика после одговорот. Се зезна што праша.

На противник на Шкендија со пенкало му цртаа дрес

Имаме една тазе јака приказна од нашата женска кошарка во младинските селекции, каде кошаркарките во недостиг на дресови, носеле од мажите. На пример на нашава, на која нема да и го откриеме името и се паднал дрес до колена од Гечевски. Не знаеме што е полошо, дали тоа или во прво квалификациско коло од ЛШ, со пенкало да ти пишуваат бројка. Се работи за ТНС од Велс на синоќешниот меч против Шкендија, кој заврши 0:0.

40 секунди женски фудбал со двоен нокаут

Швајцарија е домаќин на Европско фудбалско првенство за жени. Германките ја елиминираа Данска со 2:1, со гол кој падна после неубава блиска средба на топката со лицето на Ема. Колку несреќна сцена. Им ја додаде за победа, излезе повредена и плус останаа без пласман во нокаут фаза.

Челси е прв финалист на Светското со два убави гола на Жоао Педро

23 годишниот бразилски напаѓач имаше деби од соништата за Челси. Постигна два гола за победа на Челси над Флуминенсе од 2:0 и пласман во финале, каде ќе игра со победникот од дуелот Реал - ПСЖ. Жоао Педро не ги славеше головите, бод респект кон клубот каде се калеше и ја почна кариерата.

Ретро на денот

Налетавме на јак хајлајтс. Германија против Југославија. Меч од Светското 1998. Слободен Сантрач стигна тогаш до осминафинале, а можеше и повеќе, бидејќи имаше банда составена од Михајловиќ, Југовиќ, Станковиќ, Пикси, Мијатовиќ, Савичевиќ, Ковачевиќ, Милошевиќ...Во групна фаза одиграа 2:2 против Германците предводени во напад од Клинсман и Бироф. А водеа 2:0.

Сите голови на Диого Жота за Ливерпул

Анлгискиот шампион, гигантот од „Енфилд Роуд“ е во длабока тага за својот трагично загубен Диого Жота. Се сеќаваат на него, на неговите дружби, натпревари, голови, песни. Жота за Ливерпул одигра 182 средби, постигна вкупно 65 гола и имаше 26 асистенции.

Италијански новинар му зборуваше на Таре за албанското трилече

Воведниот прес на Милан пред подготовките за новата сезона почна скроз опуштено. Прво Алегри се мајтапеше со новинар, а потоа друг новинар правеше некои паралели со трансфер пазарот и албанското трилече поради тоа што новиот спортски директор, Игли Таре е Албанец. Таре на тоа одговори: Ви го препорачувам на сите трилечето, бидејќи е многу вкусно.

Алегри се мајтапи на првиот прес како тренер на Милан

По пауза од 11 години, Масимилијано Алегри се врати во Милан и ја одржва првата прес конференција во друштво на новиот спортски директор, Игли Таре. Првата цел вели дека е кам бек во ЛШ, а кога го прашаа за формацијата, разговорот течеше вака: Ќе се оди со 4-3-3? Каде?, одговори Макс.

Роби Вилијамс пееше на концерт за Жота

Никого не остави рамнодушен фудбалерот на Ливерпул Диого Жота, кој замина прерано со брат му, во кобна сообраќајна несреќа. Еден од најголемите хитови на Роби, во негова чест.

Хименез му донесе титула на Мексико и ја посвети на Жота

Најдобриот мексикански центарфор последниве години, Раул Хименез од Вулверхемптон, синоќа беше главен играч во финалето на Голден Куп меѓу САД и Мексико. Тој излезе на терен со дрес со број 20 и презимето Жота на грбот во знак на сеќавање на неговиот трагично загинат другар и соиграч од времето во Вулвс. Хименез потоа постигна гол за израмнување и го посвети на Жота со имитација на џојстик како потсетување на дружбите со Португалецот.

Слалом на Меси како од времето во Барселона

Интер Мајами го совлада Монтреал со 4:1 во натпревар од МЛС. Два гола на Меси, кој после вакви соло мајстории, не личи дека има 38 години. Ја шина цела одбрана.

Акробација на Мбапе со посвета за Жота и нов убав гол на Гарсија

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд одиграа натпревар со 5 гола од кои 3 паднаа во судиско и донесоа драма. Следува пеколно полуфинале. Кралевите на мегдан со европскиот првак.

Потег за огромна почит: Ливерпул ќе го исплати целиот договор на Жота на семејството

Фудбалскиот клуб Ливерпул првично по страшната вест изрази длабоко сочувство до семејството и најблиските пријатели на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, потоа апелираше да се зачува приватноста на семејството, а сега ќе направи и голем човечки гест.

Рубен Невеш и Кансело заплакаа на минута молк

Португалските репрезентативци и големи пријатели на Диого Жота, фудбалерите на Ал Хилал Рубен Невеш и Жоао Кансело заплакаа за време на минута молк пред мечот од Светско клупско првенство против бразилски Флуминенсе.

Пријателите и непријателите на Балотели меѓу фудбалерите

Имам убаво пријателство со Боатенг, Нејмар и Матераци. Ама Матераци те тепал? Не е точно. Како не, кога тој вели дека е вистина. Непријатели имам многу, ама од играчите не би одел со имиња. Од тренерите Брендон Роџерс. Од кого сум го добил најгрдиот фаул? Тоти.

Извадете му ги голманските ракавици на детево

Сите сме пробале да дрибламе од гол на гол, од личен ќеиф. Ама степенот на успех бил различен и сосема поинаков од голманчево кое е дел од академијата на Спарта Прага. Струја е малиов.

Во меѓувреме одиме во Австралија

Паметите ли појака голманска проценка и игра со глава? Па овој речиси со бековска му даде гол. Дебелиот во секое маало задолжен за бранење, не прави вакви глупости.

Голот на Жота кој никој не ни претпоставуваше дека ќе му биде последен

2 април 2025 е датумот на кој Диого Жота го постигна последниот гол во кариерата и животот. Важен гол, преважен, бидејќи беше единствен за победа на Ливерпул на дербито против Евертон. Тој гол, прославен со страст, несвесно му стана последен. Постигнат е од играч кој секогаш се истакнуваше во големите моменти.

Минута молк од Реал Мадрид, ПСЖ, Челси и Баерн за Диого Жота

Фудбалскиот свет и општо спортот се простува со португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва кои загинаа во трагична сообраќајка. Реал Мадрид на еден од своите тренинзи и Баерн Минхен, одржале минута молк во знак на сеќавање на браќата.

Салах со трогателни зборови се прости од Жота

Ако некој беше во најнепосредна близина на Диого Жота на теренот, тоа често беше Мохамед Салах, најдобриот фудбалер во англиската Премиер лига кој стана најдобар стрелец сезонава кога ја освоија титулата. По капитенот и заменик капитенот Вирџил ван Дајк и Робертсон, сега од Жота се прости и Мо.

Го повлекува ли Ливерпул бројот 20?

Бројот 20 стана симбол за Диого Жота во Ливерпул: тој дојде на „Енфилд Роуд“ во 2020, играше со број 20 на дресот и неодамна му помогна на клубот да ја освои 20-та титула која бурно ја славеше со соиграчите и навивачите.