Фудбал

Сите детали од новиот договор на Ламин Јамал, новата 10-ка на Барса

Само што го прослави својот 18-ти роденден кој предизвика големи проблеми и му донесе тужби и пријави зошто ангажирал џуџиња да служат како келнери и нудел десетици илјади евра за девојки бирани според посебни критериуми за да бидат гостинки на роденденот, Ламин потпиша нов богат договор со Барселона.

Да не ја играше некој кец Локомотив - Динамо?

Сте чуле ли до сега, домаќин или општо некој клуб да води 1:0 до 90-та минута, а потоа во судиско да прими 5 и да има 36 минути судиско продолжение?

Таксист од Москва во САД не го познал Аршавин

Извесен Саша, таксист кој живее и работи во Њујорк а инаку е од Москва, ги возел Андреј Аршавин и негов пријател. Кога пријателов го прашува таксистот за кого навиваш во нашата лига, овој вика „ама баш никогаш не сакав да гледам руска Премиер лига“. Подоцна пријателов му кажува дека еден руски фудбалер му дал 4 гола на Ливерпул на „Енфилд Роуд“. Еве го позади тебе во кола.

Нејмар се мајтапеше со тренерот на Фламенго па даде гол за победа

А тренер на Фламенго веќе некое време е некогашниот лев бек на Атлетико Мадрид и Челси Филипе Луис, некогашен соиграч на Нејмар од репрезентација. За време на дуелот Сантос - Фламенго во бразилската Серија А, Нејмар му ја протна низ нозе на Луиз кој од прва не го сфати баш најдобро тоа.

Прекрасно емотивно видео на Валенсија за новите сезонски карти

Осум месеци по страшните, епохално потресни поплави во Валенсија каде стотици луѓе загинаа, а илјадници останаа со поплавени домови, градот и истоимениот клуб полека се стабилизирале. Во видеото за најава за новите сезонски карти за натпреварите на Валенсија една средовечна жена е наратор и зборува со татко ѝ за тоа што се се случило во изминатите осум месеци.

Нејмар со син му, 1 на 1

Бразилецот ужива откако е вратен во родниот Бразил. Опкружен со другари, роднини, фамилија, соиграчи во Сантос, тој од ден на ден се забавува со топката.

75 години од најтешкиот пораз на Бразил

Бразилците имаат два историски најболни порази. Во 2014-та година претрпеа невозможен срам откако Германија на нивен терен на Светско првенство ги ишамара со 1-7. А во 1950-та година, на денешен ден пред 75 години Бразил во финале на Светско првенство, на свој терен, на „Маракана“ пред околу 200.000 гледачи изгубил 1-2 од Уругвај. Цела нација била во тага а овој пораз познат како „Мараканаѕо“ е никогаш непреболен во Бразил.

Кога на Марадона му се пуштија сурија играчи на Милан

Пазете ја сценава. Диего во напад се обидува да протне топка со лоб преку одбраната на Милан. Петмина го заобиколија. Барези, Малдини, Тасоти, Анчелоти...Џабе ви е дечки.

Бразил vs Барселона, 1999-та

Барселона го кани Бразил на пријателска за прославата 100 години од постоењето на клубот. Завршува 2:2 со головите на Луис Енрике и Коку за Барса и Роналдо и Ривалдо за Бразил. Какви ликови се ова. Да можеме би го вратиле времето.

Скапа фотографија на денот

Не скапа, многу скапа фотографија на денот. Да не треба помош? Ај за секој случај, за оние кои се родени на пример во 2006-та, година во која двајца од сликава станаа светски прваци.

Суспендиран англиски фудбалер: Уплатил 6.397 тикети, се кладел и од клупа за резерви

Сигурно никогаш не сте слушнале за Рајан Боумен, 33-годишен англиски фудбалер кој цела своја кариера ја поминал во пониските лиги на англискиот фудбал, а најголем дел од кариерата играл за Шрузбери и Челтнем во трета и четврта дивизија.

Модриќ покажа интересна фотографија од детството

Хрватската легенда ги мина лекарските прегледи и го облече дресот со број 14 на 7 кратниот европски првак. Милан го пушти првото видео со него. На Лука му се исполнил детскиот сон.

Топ 8 збогувања на летото

Четири клубови се збогуваа со своите икони ова лето, а пак други четворица исто така славни имиња, завршија со своите кариери. Де Брујн и Модриќ продолжија во Серија А, а Милер и Варди сè уште немаат клубови. Фотографијава е преполна со емоции.

Човечноста на Дарвин Нуњез

Трите дена на 26 годишниот напаѓач на Ливерпул и селекцијата на Уругвај.

Лекција број 1 од Тони Крос за син му

Млад отиде во пензија, трофеен до даска, задоволен, опарен. Време има на претек. Па да се почне од основните фудбалски вештини кои ќе му бидат потребни на син му, ако реши да се занимава со фудбал. За тоа се потребни топки и корпа.

Со ваков гол да го распалиш Монументал на Ривер

На почеток на сезоната во аргентинската Примера Дивизион, во 1. коло Ривер Плејт со 3-1 го совлада Платенсе. Отвори Факундо Колидио со прекрасно голчиште во 7' минута кога „Монументал“ падна во делириум.

Модриќ со насмевка се појави во Милано

Расположен и елегантен, најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид е веќе дел од Серија А и тимот на Милан. 

Меси реди слободни удари како од шега

Веќе станува тешко да ги пофатиме сите голови и мајстории на Лео кој на 38 години игра како сега да му почнува кариерата. На последните 5 средби во МЛС има 10 гола, по 2 на секој натпревар, нешто што не му успеало на никој во американскиот фудбал. Плус запиша 5 асистенции. Од 2018-та има постигнато повеќе голови од слободни удари (35), од пенали (33). Нестварни бројки. Интер Мајами - Нешвил 2:1.

Палмер си поигруваше со европските прваци

Кол Палмер е дефинитивно главна фаца на Челси, кој одлучува големи натпревари. Блесна против ПСЖ со два гола и асистенција и беше прогласен за играч на финалето. 

Кој е според Трамп најдобар фудбалер на сите времиња?

Претседателот на САД беше мошне активен по финалето на Светско клупско првенство меѓу Челси и ПСЖ (3:0). На стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, Трамп доделуваше пехар, остана со играчите на подиумот а после мечот давал изјави.

Хаос пред Олимпико за Дибала кој не им застана

Многу клубови во Европа ги стартуваа подготовките за новата сезона која стартува следниот месец. Играчите се враќаат од одмори, ама некои не ги рецкаат своите навивачи кои чекаат и молат за селфи. Пауло Дибала ги разочара своите.

Тортата на Ламин Јамал за 18-ти роденден била гангстерска

Долго време се најавуваше и конечно Ламин Јамал направил голема журка по повод својот 18-ти роденден. Полнолетството го прославил со преку 200 гости. Забавата почнала во 20:00 а поканетите не смееле да влезат со мобилни ниту камери кои се оставале пред врата за да се заштити интимноста на фудбалерот. Биле Левандовски, Кубарси, Марк Касадо, Гави, Балде. Му пееле Bad Gyal, Quevedo, Март Дијаз и Озуна. Тортата му била во гангстерски стил.