Играше за клубови како Јувентус, Интер, Парма, Рома, три пати го има освоено Купот на УЕФА, но никогаш не се смири. Еднаш се степа со двајца полицајци, местеше натпревари, ја малтретираше жена му и сега со еден куп трева го фатија.
Жерард Пике збесна на 1:1 и почна да пцуе на цел глас дека не направиле ниту еднаш подолг посед на топка, на што реагираше Гризман кој се обиде да го смири. Кој знае што било на 1:4 во соблекувална.
Пред магичниот Килијан Мбапе, само двајца фудбалери во историјата успеале да постигнат дури три гола против Барса во Лига на шампиони. Интересно и двајцата стигнаа до тоа во 1997-ма.
Голманот на Лајпциг, Петер Гулачи е хит број 1 на интернет со голманската Спајдермен реакција, досега невидена во Лига на шампиони. Се сплетка во мрежата ко крап.
Килијан Мбапе е ладнокрвен егзекутор кој синоќа на својот прв настап некогаш на Камп Ноу и против Барселона воопшто, им ја наполни мрежата. Ама човек од позадина кој ги влече сите конци на играта на Парижаните е неверојатниот Марко Верати. Италијанецот игра како Иниеста на времето.
Францускиот шампион предводен од Почетино, го освои празниот „Камп Ноу“ и со една нога е во 1/4 финале на Лига на шампиони, откако вечерва со 1-4 ја демолираше Барселона. Домаќинот поведе од пенал на Меси, Мбапе креираше тотален пресврт.
Од една камера се гледа како Холанѓанецот сам ја удира својата нога и се сопнува, а од друг агол се приметува како левиот бек на ПСЖ Курзава има контакт со Френки Де Јонг. Останува нејасно зошто судијата не погледна ВАР во 27' минута кога Барселона доби пенал кој го реализираше Меси за 1-0.
Барселона и ПСЖ после четири години одново се среќаваат во 1/8 финалето на Лига на шампиони. Сите го памтат неверојатниот двомеч кога по убедливиот пораз од 4:0 во Париз, Барселона на Камп Ноу славеше 6:1 и отиде понатаму.
Што ти прави гол технологијата која мери со милиметри, ама и голманската упорност на Србинот Рајковиќ од Реимс кој ја скроти топката во последен, ама ептен во последен момент. Инаку голот не важи од вториот обид. Офсајд имало.
Коронавирусот продолжува да влијае на еврокуповите и меѓународните гостувања во Лига на шампиони и Лига Европа. Ако минатата сезона УЕФА смисли да ги собере сите преостанати клубови во осминафиналето на едно место, овојпат планот е поинаков.
Капитенот на Македонија го образложи статусот на Инстаграм со кој ја нападна ФФМ дека не се грижи и не им помага на македонски клубови, туку важни им се само личните интереси.
Синот на Милко Ѓуровски, веќе 10 години е на Тајланд. Таму се прослави како играч, постигна 93 гола за три различни клуба, а од октомври лани на 35 години стана тренер и седна на клупата на Муангтонг Јунајтед. Екипата под негово водство има одлична серија од неколку победи а играат и добар фудбал.
Македонскиот репрезентативец Иван Иве Тричковски веќе неколку години е меѓу најдобрите стрелци во фудбалската лига на Кипар. Тричко и синоќа беше прецизен во триумфот на неговиот АЕК Ларнака над Ахнас 3:1. 10-ти гол досега во лигата за некогашниот центарфор на Вардар, Работнички, Клуб Бриж и Легија Варшава.
Чекај бе, ние мислевме дека сме врвот во ова и го критикувавме Кратово. Па таму барем имаше зелена површина, а ова е како да играш во бара и не можеш ни фор да и дадеш на топката, а не па да ја додадеш. Најјакото е што судијата вели терај, супер е за игра, а копачките им пливаат во вода.
Лариса и АЕК одиграа меч кој ако го чекаш за добивка, ќе ти застане здивот. Прво полувреме завршува 0:2, па домаќините израмнуваат со голови во 70-та и 80-та. Финишот не можеше да биде полуд. АЕК дава гол за 2:3, Лариса добива пенал со ВАР и го промашува во 95-та. Гостите тргнаа во контра и ги дотолчија со конечни 2:4.
Манчестер Јунајтед прими гол од ВБА уште во 2' минута, па во 44' израмни на 1-1 и имаше голема шанса брзо да направи пресврт, ама судијата Грег Поусон реши да свирне полувреме кога овие тргнаа во опасна контра пред противничкиот голман.
Голманот на Вест Бромвич, Сем Џонстон до свои 27 години не бранел во Премиер лига каде првпат застана на гол сезонава. И веќе е во Tоп 5 голмани во лигата.
Откако минатиот месец направи трансфер од Јапонија во Бугарија, Доријан Бабунски дебитираше за Ботев Враца кој загуби од Берое со гол во судиско. Македонскиот интернационалец се истакна уште на првиот меч за новиот клуб, најпрвин со асистенција, па со акробација која заврши во пречка.
Кристијан Ериксен за една година престој во Серија А научил нешто италијански, ама само зборови. До склапање реченици не е стасан. Можеби новинарот требал да сврти да англиски, ама така па него ќе му се отвореше работа да преведува.
Најзаслужниот што Македонија ќе игра на едно Европско првенство, капитенот Горан Пандев на својот Инстаграм профил напиша долга објава и се закани дека ќе се повлече од македонскиот клупски фудбал ако нешто не се смени.
Иранскиот фудбалер Надер Мохамади би можел да влезе во Гинисовата книга на рекорди како играч кој фрлал најдолг аут. 23-годишниот Мохамади има специфична техника на изведување аути, со салто напред.
Старите добри другари кои газеа во Милан, а сега се во тренерски води. Синоќа Гатузо (Наполи) го изненади Пирло со 1:0 (Јувентус), што значи снимкава не ќе да е од синоќа.
Тренерскиот занает е суетна работа, особено кај најекспонираните лица и навистина ретко признаваат кога грешат. Рино нема проблем со тоа и ако треба спремен е да понесе одговорност како тренер на Наполи кој се наоѓа на незадоволителната шеста позиција. Може да не го сакате, ама може и да учите од неговата зрелост како човек.