Македонија го бележи вториот пораз во 8. квалификациско коло за СП 2022 и со мислите и плановите веќе може да се фокусира на последните два ноемвриски дуели против Ерменија и Исланд.
Моќната Германија дојде во Скопје во полн состав и сериозно му пристапи на мечот. Тоа резултираше со висок триумф од 0:4 и 21 бод, доволно за математичко освојување на првата позиција.
Избраниците на Боби Милевски се држеа солидно во првото полувреме и успеаа да одолеат на германското темпо на игра, а на моменти беа и рамноправен противник.
Одличен на голот беше и Столе Димитриевски кој одбрани неколку опасни удари. Најзрелата шанса му ја скроти на Тимо Вернер, кој во финишот од првите 45 минути имаше и пречка.
Проблем плус за нашата селекција беше и повредата на Аријан Адеми кој предвреме го напушти теренот.
Германците ја зголемија иницијативата во второто полувреме и лесно ја наполнија мрежата за Димитриевски, четири пати за половина час игра.
47 минута, статива на Вернер
50 минута, 0:1 - Хаверц
70 минута, 0:2 - Вернер
73 минута, 0:3 - Вернер
83 минута, 0:4 - Мусиала