Германецот селектор на Турција се расплака по драмата

На навивачите на Турција дефинитивно им треба пауза од репрезентативен фудбал. Ова што им се случи во Рига, против Латвија во квалификациите е за седативи. Губеа 1-0 по автогол на Мерих Демирал во 70’ минута. Израмнија само пет минути покасно и дури до 90+9’ минута во судиско продолжение од пенал победија 1-2.

Од пред неколку недели нов селектор на Турција е Германецот Штефан Кунц. Тој ја водеше селекцијата против Норвешка (1:1) а во вториот меч на клупата буквално се расплака после толку силен стрес па олеснување за триумфот.

Хајлајтс од целата драма која што ја остави Турција во игра за пласман на Светско првенство

 

12 октомври 2021 - 10:06