Германците не биле баш педантни во соблекувална

Новинар на Билд успеал да го сними амбиентот по заминувањето на германските фудбалери од соблекувалната на Градски. Според содржината во видеото каде не гледаме пиво, се гледа дека четикратниот светски првак не го славел пласманот на Мундијалот во Катар, ама и не го оправдале својот менталитет во однос на хигиената. При канти, отпад оставиле и на земја и на под.

Суво овошје, банани, колачи со ориз, кока кола, енергетски гелови и на крај едно чудно извалкано лавабо.