Во ваква тесна игра за Светско првенство, Македонија не се нашла никогаш до сега од осамостојувањето. Но и таа можеше да биде поедноставна и полесна и сега да сме на чекор до тој посакуван бараж, недостижен до сега во ниту едни други квалификации.
Тука се разбира мислиме на трите нерешени средби по ред, дома против Ерменија и Романија без голови, како и гостинските три бода кои ги испуштивме во Исланд.
Потоа следуваше триумф во петокот над Лихтенштајн, кога ни се поклопија резултатите и на другите средби и на тој начин Македонија изби на втората позиција.
Но ситуација се смени преку ноќ. Македонија загуби од Германија, а Романија истовремено ја доби Ерменија со 1:0, сосема доволно да се најде на втората позиција, како и во најповолна ситуација за пласман во баражот за СП.
Според распоредот до крај, Македонија нема повеќе многу опции и комбинаторики за да заврши втора во група. Во игра се три репрезентации и само две кола до крај.
Со оглед на тоа што Романија игра дома против Исланд и со Лихтенштајн на гости, кои се моментално најслаби селекции во групата, со две победи го обезбедува баражот.
Тоа значи дека Македонија следниот месец мора да оди на 6 бода и да се надева на еден кикс на Романците.
На такво нешто може да сметаат и Ерменците, ама само се две победи против Македонија и пласираната Германија.
Тешка ноемвриска мисија како за крај, но не и невозможна. Изгледа скапо ќе не чинат трите нерешени по ред против селекциите од кои едноставно мораше да извадиме повеќе бодови.
11 ноември
Ерменија – Македонија
Германија – Лихтенштајн
Романија - Исланд
14 ноември
Ерменија – Германија
Лихтенштајн – Романија
Македонија - Исланд