Фудбал

Ноер е во викендица, тренира турбо

Мануел Ноер не се излежава, туку одржува форма со тренерот на голманите на Баерн Минхен, Тони Топаловиќ. Локацијата му е на мирно место, во планински предел и покрај езеро, а царот ставил и гол поголем од дворот.

Хајдук прикажа како сега изгледа еден обичен тренинг

Накратко, клупскиот доктор на Хајдук Сплит, Анте Туриќ детално раскажува како се одвиваат тренинзите на „Пољуд“. Ова е прва фаза, а следна е тренинг во поголеми групи.

Лудиот Бартез еднаш запнал да игра, па Фергусон го ставил лево крило

Во 2017 година на сајтот на УЕФА се појави големо интервју со Сер Алекс Фергусон кој раскажа неколку анегдоти и фудбалски трендови.

Да немаше карантин, акцијава немаше да постои

Да бидеме реални, ова со топка не е лесно да го изведеш, а не па со тоалетна. Вежбале бајаги дечкиве.

Чурлинов од Штутгарт со шкорпија-гол на тренинг

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов започна со тренинзи со неговиот Штутгарт и уште од старт покажа дека не го изгубил чувството за топка за време на паузата. Германските клубови почнаа со тренинзи, а првата и втора Бундеслига треба да продолжат на средината од месецов.

Не сум играч на Челси, ама ок ќе се сликаме

Од левата страна имаме доста повозрасен навивач на Челси, а од десната младиот напаѓач на Челси и Англија, Тами Абрахам. Тоест дечкото само многу личи на него, а ферниот негов фан веројатно ќе сфати кога ќе им се фали со фотката на внуците.

Сите учеа од Јужна Кореа за тестирање, сите ќе учат и како да го продолжат спортот

Фудбалската К-Лига на Јужна Кореа стартува во петок со посебни мерки и препораки кои останатиот дел од светот посебно ќе ги разгледува и ќе се обиде да ги примени во своите системи.

Анегдота за жолтото БВМ на Михајловиќ

Карантинов го укотви фудбалскиот свет дома во фотеља, а и тие што не беа по социјални мрежи, сега се активираа, бидејќи сконтаа дека таму е забавата. Бобо Виери е прв на тие релаксирани он лајн средби, ама се отвори и човек од кој и не очекувавме баш дека ќе каже смешка. Роберто Манчини.

Кога Иниеста заигра во Струмица против Пандев и екипата

Малкумина го паметат натпреварот на македонската фудбалска репрезентација до 19 години против своите врсници од Шпанија кои неколку месеци подоцна се качија на кровот на Европа.

Најдосадниот репортер кој му се има закачано на Ибра

Само едно прашање Ибра, извини, само едно кратко и брзо. Пријателе, од кај си? Медиасет. Епа тогаш оди си дома. Зошто ако сум од Медиасет треба да си одам дома. Пријателе не се зезај. Ќе ти кажам само една работа, не се зезај. И на крај успеа да му постави прашање, а разговорот заврши вака:

Нека тапне три пати да видите што ќе и направам

Пред 10 години во Шкотска се случи тотално луд меч со луд финиш. Хибернијан имаше водство на гости од 2:6, но Мотервел стаса до конечни 6:6 со овој лудачки потег на Лукас Јукевиќ во 93-та минута.

Роналдо е ова или Путин?

Еден, два, три, четири комбиња изброивме и тоа со затемнети стакла и плус полициска придружба пред нив и позади. Па ова е тотално претеран протокол за превоз на еден фудбалер од аеродром до дома. Како да е Претседател на држава.

Денот кога Лацио му пушташе на Интер за скудето, а јувентините урлаа во Удине

Многу, многу легендарно последно коло во Серија А, ден кој тифозите на Интер сакаат да го избришат од сеќавање, а навивачите на Јувентус го одбележуваат како ден на победата.

Грилиш донираше 55.000 фунти добиени од продажба на култниот дрес

Дваесет и четири годишниот Џек Грилиш е редок пример на фудбалер кој остана во својот матичен клуб и покрај понудите кои ги доби од гигантите. Во Астон Вила каде е капитен, го гледаат како крал, особено откако реши едно градско дерби кога беше нападнат.

Знаеме за Истанбул, а сте слушнале ли за Кристанбул?

На 5 мај 2014-та, во редовно коло од Премиер лига, Ливерпул води 0-3 против Кристал Палас. Домаќинот од Лондон чудесно се враќа и израмнува на 3-3 после што овој меч доби прекар Кристанбул, како асоцијација на епското финале Ливерпул - Милан во Истанбул.

Легендите Тоти и Дел Пјеро за легендарните времиња на Серија А

Зборуваа за вирусот, им се заблагодарија на луѓето кои донираа, се потсетија на нивните дуели Јуве – Рома, за за конкуренција во нивно време, ама и си кажаа од кого добиле најмногу ќотек. Алекс призна дека го мрзи да трча, а Франческо му одговори: Јас 25 години одев на терен.

Како ќе изгледа фудбалот кога ќе се врати

Добро, веројатно нема да биде до волку, ама да ги пуштиш сега без тренинг и тоа 90 минути, ќе кашлаат од мака и ќе бараат да се зголеми голот.

Мурињо разнесува спанаќ и пржи кајгана за цимерите

Сигурно веќе сте виделе како Жозе разнесува овошје и зеленчук во народните кујни наменети за најзагрозените. Мурињо раскажа за Sky Sports како живее во карантин.

Европскиот шампион од Ливерпул не верува во корона и му пишува на Бил Гејтс

Хрватот Дејан Ловрен ја продолжи спортската традиција која ја започна Новак Ѓоковиќ и имаше нестандарден јавен испад за коронавирусот.

Дејан Савичевиќ со еден негов фан

Дејо играше за Милан од 1992-ва до 1998-ма, период во кој едно дете кое собира топки, а сега познат италијански напаѓач му приоѓа да се слика со него. Се вика Антонио Касано.

Тројца позитивни во Келн, но тимот се спрема за продолжување на Бундеслигата

Германскиот фудбал неофицијално би можел да се врати од 15 мај, ако сè биде според планот. Во Германија разработија неколку комплексни правила за да го сведат на минимум ризикот од зарази од Ковид-19.

Велемајсторски гол во лигата која не го ферма Ковид 19

Белорусите стасаа до над 15.000 случаи на коронавирус и 97 мртви, ама и до 7. коло од првата фудбалска лига. Динамо Минск загуби дома од Слутск, а потегот на мечот и колото, го направи извесен Абдул Гафар

Лудиот Бургос, помошникот на Чоло Симеоне, со лакт бранеше бомби

Општо познат факт е дека голман не може да биде секој. За тоа не само што требаат мачкини вештини, него треба и некој летнат гулаб. Херман Бургос, на млади години во Ривер Плејт:

Ништо чудно ко ќе продолжи фудбалот да даваат жолт картон за плукање

Фудбалот чека враќање после карантин: некои лиги веќе ја завршија сезоната, но повеќето европски првенства планираат да ги доиграат колата летово. Коронавирусот силно ја смени реалноста во спортот.