Мурињо разнесува спанаќ и пржи кајгана за цимерите

Сигурно веќе сте виделе како Жозе разнесува овошје и зеленчук во народните кујни наменети за најзагрозените. Мурињо раскажа за Sky Sports како живее во карантин.

Тотенхем пред повеќе од еден месец и овозможи на Националната здравствена служба на Велика Британија да користи простории на нивниот ултра модерен стадион, кои беа пренаменети за потребите на лабораториите.

Во гаражите под стадионот место ослободиле и за Лондонскиот прехрамбен сојуз. Оваа организација го снабди со продукти најзагрозениот слој на население.

А Жозе Мурињо, тренерот на Тотенхем достаува до овој Сојуз свежо овошје и зеленчук од клупските градини (продуктите од нив ги користат готвачите во Тотенхем, но поради паузата во фудбалот, тие не работат сега).

„Не правам ништо посебно. Но среќен сум да го правам ова. Го правам ова зошто сум горд на тоа што го прави мојот клуб. И онака не сум зафатен. Кога правите добри дела, не треба тоа да го правите јавно. Просто тоа ви доаѓа од срцето. Јас сум среќен да дојдам во клупската градина и да бидам со дечките кои работат тука и ме учат што треба да се прави“, вели Мурињо за Sky Sports.

Прехрамбенот сојуз секојдневно со храна снабдува околу 350 семејства.

Но Мурињо не заборава ниту за неговата примарна работа поради која е во Тотенхем. За време на изолацијата тој живее во изнајмен стан со други тројца тренери од стручниот штаб меѓу кои е и тренерот на голманите Нуњо Сантош.

Сите заедно пробуваат од далеку да ја тренираат екипата: „Јас едноставно координирам со тренинзи, но многу луѓе од дома одлично си ја вршат работата. Диетолози, асистенти, сите се трудевме уште до пазуата да им овозможиме на играчите најдобри можни услови за тренинг од дома. Се гордеам со играчите кои посветено работат во многу чудни услови“, додава Жозе Мурињо.

Жозе живее со тренерот на голманите Нуњо Сантош, тактичкиот аналитичар Рикардо Формозињо и физиотерапевтот Карлос Лалин. Кој готви за нив?

„Семејствата не се со нас, но ние сме добри другари. Многу работиме и времето минува брзо. Готвиме максимално едноставно. Јас сум специјалист за кајгана, а и останатите дечки не готват ништо полошо од мене“, признава Жозе.

Тој вели дека многу му фали фудбалот но се труди да не биде егоист.

„Претпочитам да зборувам дека ми е жал за нашиот свет - а фудбалот е дел од мојот свет. Но мораме да бидеме трпеливи и да се бориме. Пред неколку месеци никој не знаеше што е тоа Covid-19, а сега имаме свет полн со стручњаци. Чекаме подобри денови. Многу ми е жал за семејствата кои дочекуваат лоши вести“.

 Португалецот не гледа проблем во фудбал без гледачи.

„За секој од нас, за фудбалот, за Премиер лигата би било подобро да ги доиграме преостанатите 9 кола. Мислам дека фудбалот може да се игра зад затворени врати. Ако имате камери, ќе гледаат милиони и милиони гледачи. Еднаш ако излеземе на празен стадион, тој веќе нема да биде празен“, констатира Мурињо.

Минатиот четврток се навршија 15 години окако Мурињо првпат ја освои Премиер лигата. На 30 април 2005 година Челси го совлада Болтон со 2:0 и стана првак. Жозе вели дека сонува за нова титула. „Сакам да мислам дека ќе ја освојам четвртата титула во Премиер. Се надевам со Тотенхем“.

4 мај 2020 - 13:50