Фудбал

Кога Гвардиола не веруваше што гледа од својот голман

Навикнат е Пеп неговите екипи да играат убав, допадлив фудбал за публика. Со многу додавања, врвни акции, дриблинзи, шанси. Ама се збуни кога го виде голманот Едерсон како си игра на сред терен против Вулверхемптон.

Бензема откри кој му е најомилен од сите 200 гола за Реал

Францускиот центарфор блеска и на почетокот на сезонава. Веќе постави неколку рекорди, во само шест одиграни кола има осум гола и дури седум асистенции. Минатиот викенд против Мајорка (6:1) имаше два гола и две додавања за гол, а по јубилејниот 200. погодок кажа кој му е најомилен.

Приказна за фудбалот на Гибралтар: Имаат клуб кој чудесно влезе во Лига на Конференции

Фудбалско сценарио за филм ни дојде од една ептен симпатична прекуморска територија околу која со векови се тегнат Британија и Шпанија. Има 29 и кусур илјади жители и фудбалот го играат со срце.

Фудбалер на Аталанта сакал да подари дрес на тој што ќе побара негов во фан-шопот

Многу интересна клупска акција смислиле од Аталанта која веќе неколку сезони работи на нивото на најголемите европски клубови.

Чакир свирна крај на сред контра за гол во Турција

Џунејт Чакир, најдобриот турски судија имаше чудна одлука на мечот Фенербахче - Гиресунспор во турската Суперлига. Дал 4 минути продолжение додека Фенер водел 2-1 и во последните секунди кога гостите тргнаа во сериозна контра за израмнување, ладно свирна крај на мечот.

Навивачите на Кадиз го бараа Меси

Интересна сцена пред синоќешното гостување на Барселона против Кадиз. Домашните навивачи го опколија хотелот на гостинскиот тим и скандираа „Каде е Меси?“ И тоа во голема бројка беа.

Селски потег на Бускетс, црвен картон за Де Јонг и Куман и два зицери на Депај

Каталонскиот тим ја има најслабата реализација во последните 17 години и не може да победи екипи како Гранада и Кадиз. Кај не им оди без Меси, па уште и се глупираат со две топки на терен и тоа староседелецот Серхио Бускетс кој треба да им служи за пример во екипа.

Мангупски потег на Абрахам, вреден 3 бода за Рома

Првиот пораз за Жозе Мурињо од Верона е минато. Рома повторно им се врати на победите, а мечот на атрактивен начин го реши Тами Абрахам, кој на инсистирање на Специјалниот, го купија од Челси за 40 милиони евра.

Како Хулк ја одигра ГГ3+?

Бразилскиот напаѓач е познат по својот топовски удар, но според последните вести, тој не делува нежен и во љубовта. Што ти е фамилијарен човек.

Македонија може ќе биде посилна за фудбалер кој игра Лига на шампиони

Откако првотимецот на шведскиот гигант Малме, Ракип Ердал најави, а ФИФА денес одлучила дека нема никаков проблем, младиот фудбалер наскоро би можел да дебитира за Македонија.

Дресот на Македонија блесна на стадионот на Атлетико Мадрид

По мотото „Фудбал за Мир“ на стадионот Ванда Метрополитано се изложени преку 80 дресови на фудбалски репрезентации како дел од кампањата на дипломатските претставништва. Меѓу нив и на македонската амбасада во Шпанија, за промоција на фудбалот како механизам за градење мир и благосостојба меѓу земјите, но и како средство за пријателство меѓу народите во светот.

Фудбалер на Лион од женски судија доби жолт картон за дриблинг

Бразилецот Лукас Пакета, кој заедно со Нејмар важат за најдобри дриблери во репрезентацијата, синоќа на мечот Лион - Троја (3:1) тргна да го изведе познатиот „сомбреро“ дриблинг преку глава на противничкиот играч. Не му успеа, а судијката Стефани Фрапар му покажа жолт картон.

Руски голман одбрани 5 пенали во Куп

Во раната фаза од Купот на Русија, Крилја Советов со 0-10 го победила нисколигашот Знамја Ногинск и тоа е најубедлив триумф во историјата на рускиот Куп. 1.969 километри подалеку, во Махачкала еден голман направи чудо со пет одбранети пенали.

Млад македонски талент учи од Подолски, го даде и првиот гол во нов клуб

Давид Тошевски е роден на 16 јули 2001 година во Скопје. Има само 20 години. Лани направи голем трансфер во руски Ростов од Работнички а сега е на позајмица во полскиот клуб Гурник Забже.

Прием на Бензема ала Роналдињо, 200 гола во Ла Лига и рекорд кој го немаат Роналдо и Меси

Реал Мадрид игра на стартот на новата сезона како по ноти, 21 гол на 6 меча, а човекот кој најмногу дојде до израз на Бернабеу откако си замина Кристијано се вика Карим Бензема. И на тилот има очи.

Фантастичен гол кој го фрли Ротердам во екстаза

Феенорд ја крена формата на многу високо ниво па откако во дербито среде Ајндховен го нокаутираа ПСВ со 0-4, синоќа го добија и Херенвен (3-1). Третиот гол на мечот, дело на Брајан Линсен го фрли цел „Де Кујп“ во екстаза.

Детето на Арсенал даде чудесен гол

Арсенал конечно да победи убедливо. Додуше го начекаа Вимблдон во Лига Купот па го совладаа лесно и комотно со 3-0. Лаказет и Емил Смит Роу ги доведоа „топџиите“ во водство од 2-0 а третиот гол на младиот шпиц Еди Нкетија (22) ќе се збори сезонава.

Најнеспортскиот удар во режија на Немања Матиќ

Манчестер Јунајтед загуби 0:1 од Вест Хем во Лига Купот и е елиминиран во 3. коло. Непријатно изненадување на меќот приреди Матиќ кој го удри Владимир Куфал по фамилија. Но куртули бидејќи во ова натпреварување нема ВАР. На социјалните мрежи, навивачи коментираат дека потегот е за црвен и суспензија од три меча.

Потпретседателот на Суринам има свој клуб за кој заигра на 60 години

Најјаката фудбалска сторија на годината ни доаѓа од најмалата јужноамериканска држава која се граничи јужно со Бразил и има помалку од 600.000 жители. Таму правилниците и она што се вика почитување на статут во федерацијата, постојат само на папир. Царов прави што сака.

Си биле две кучиња и еден коњ

За време на фудбалски натпревар од квалификациите за Олимписки Игри за глуви меѓу Украина и Италија прво во 41’ минута на терен влегуваат две интересни кучиња а во 59’ минута од нигде никаде на теренот ете ти го и неговото височество - коњот.

Голчиште на Балотели, луд кам бек и одмазда за тренерот на Бешикташ

Бешикташ и Адана Демирспор приредија драматичен натпревар на кој турскиот првак не успеа да победи и по убедлива предност од 3:0. Гостите израмнија во 97-ма, а еден од главните протагонисти беше Марио, кој добро и што не изеде ќотек.

Шарко добро барата со топка, само многу солира

Се загревал со играчите и веројатно разочаран што не го ставил тренерот во прв состав, влезе во игра уште во 2 минута за да ги покаже своите фудбалски квалитети. Едвај му ја земаа.

Во Бразил падна гол кој треба да оди на научно испитување

Кога го гледаш клипов на прва, ќе помислиш дека играчот се труди да ја спаси и евентуално да ја нафрли, а тој ја шутна и погоди. Кога ќе кажат „гол кој ја сруши физиката“, се мисли на овој. Па ова е нелогично луѓе, точно од мртов агол ја даде. Ама со надворешен.

Ромео Бекам, цел си на Викторија

Со шегобијни коментари по социјалните мрежи се испрати дебито на синот на Дејвид Бекам, Ромео за клубот Fort Lauderdale. Овој клуб е филијала на Интер Мајами, прволигаш во САД чиј сопственик е некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед кој играше во Реал Мадрид и Милан.