Португалија со сигурност е фаворит број 1 за титулата европски шампион. Португалците ќе го бранат пехарот освоен во 2016-та а за таа цел на Европско одат во страшен состав. На последната проверка пред турнирот, со 4-0 го демолираа Израел. Бруно Фернандеш даде два гола од кои последниот на мечот вреди да се гледа неколку пати.
Последниот слободен удар за репрезентација го реализираше лани во септември против Швајцарија, а за Јуве во три сезони успеа да постигне само еден. Синоќа даде гол од игра против Израел кој го совладаа со 4:0, ама кога се намести на слободен, како да ви кажеме. Столче ќе скршеше.
„Вардар беше репрезентацијата на Македонија, локомотива на македонскиот фудбал. Ова како намерно да е. Ми е страв дека ќе го снема“, вели емотивно струмичанецот за скопски Вардар.
Во групата Б на Европско првенство, Белгија ќе игра против Данска, Русија и Финска. Белгијците имаат многу шарен етнички состав но кај нив тоа е сосема вообичаен секојдневен дел од општеството.
По 25 годишната авантура во мали клубови, доби доверба да ги води Наполи, Челси и Јувентус. Асоцијација е за цигара, без која не се појавува во уста и токму со неговиот омилен порок, клубот кој го ангажираше ја соопшти официјалната соработка.
Не стивнуваат позитивните зборови за нашата најголема фудбалска легенда од сите страни на светот. За Гоче пред Евро 2020 пофално се пишува од Австралија до Америка.
Тоа што функционира на пример кај Србите и Хрватите, конечно ќе биде регулирано и кај нас. Спортските натпревари на наша територија ќе ги гледаме и слушаме со македонски коментатор.
Сè почна од Меси кој прво се обиде да нафрли, а потоа со еден несмасен потег го насмеа коментаторот. Од карамболот профитираше фудбалерот на ПСЖ, Леандро Паредес кој се проби како шило преку цела одбрана и погоди за 0:2. Колумбија сепак освои бод во овој квалификациски меч за СП, со гол во 94-та.
Оливие Жиру синоќа беше двоен стрелец на пријателската против Бугарија која заврши 3:0, но шоуто го украде Антоан Гризман кој на домаќински начин се справи со една одбиена топка на гостите.
Што направил Пандев во продолженијата од Куп финалето меѓу Академија Пандев и Силекс? Што зборувале со Џиџи Буфон на загревање кога ги снимија неодамна? Како реагирале неговите деца кога го прелистале албумот Панини?
Со оглед на тоа што нашето домашно првенство е такво какво што е, добро е што имаме макар тројца претставници од Прва македонска лига. Сите други играат во странство.
Нашите ги испратија со вода за среќа, а домаќините ги пречекаа со брендиран автобус и веднаш уште на скалите од авионот се сликаа со нашите ѕвезди. Македонското знаме е развиорено уште на аеродромот во Букурешт. Историјата е испишана. На лице место.
Германците и се истурија синоќа на Летонија пред Европското со 7:1 и тоа со седум различни стрелци. Внимавајте добро на надворешниот фелш на Матс Хумелс до Гнабри, кој потоа ја заврши домаќински.
Бандата на Мрме се одјави утринава од Хилтон и со чартер лет заминува за Букурешт каде на 13-ти и 17-ти јуни, гордо ќе ја пее македонската химна. Вода им истурија, за да биде со среќа и со лесно.
Прв тест позитивен, втор пак позитивен, па дури од трета мајка се смилува и кога им се придружи на другарите, најјак беше Џани кој не сакаше да го гушне. Мрме рече, не тргаме за Букурешт без Барди и ете го се врати жив и здрав во 5 до 12.
Повеќето стручни анализи на нашата Група Ц се единствени во ставот дека Македонија ги има сите предуслови да биде „нагазна мина“ за некои од фаворитите. Ако можевме да ја собориме Германија, зошто не и Холандија среде Амстердам?
„Пет трофеи сум освоил со Њукасл. Пет!“ им кажува врвниот француски центарфор на колегите од репрезентација додека во авион ја игра популарната игра „Фудбал Менаџер“ 2021. Во еден момент му кажува на Килијан дека го довел во Њукасл. А овој му одговара: „Каде? Во Њукасл?! Не е баш топло таму, а?“
Покрај радоста и гордоста што им ги приредија на цел народ, најдобрите македонски фудбалери би можеле и добро да заработат на Евро2020. Одредени се бонуси за добрите резултати во групата.
21-годишниот фудбалер од средниот ред на италијански Наполи се очекува да биде водечка сила на македонската фудбалска репрезентација на првото Европско првенство за нас.
Вториот ривал на Македонија на Евро 2020, Украина ги промовираше дресовите со кои ќе игра на турнирот. Имаат три комплети: жолт, син и бел а главниот елемент на дресовите се контури на границите на нивната земја.
Еден од главните играчи на репрезентацијата, ѕвездата на шпански Леванте, Енис Барди денес го доби негативниот тест на Ковид-19 и потврди дека ќе игра на Евро2020.