Фудбалер на Торино намерно сакал да добие жолт картон за да игра со Јувентус

Удинезе ја забележа најчудната победа сезонава во Серија А, откако со два гола во длабоко судиско продолжение (90+3’ и 90+7’ минута) го решија Торино. И двата тима се во сигурната зона, а чуди она што го направи стоперот на гостите, 22-годишниот Алесандро Бонџорно кој е на еден жолт картон од суспензија, па сакаше намерно да добие сега со Удинезе за да го пропушти мечот со Венеција следно коло и да биде спремен за градското дерби со Јувентус.

И покрај тоа што неколку пати во текот на мечот се обидувал да добие жолт картон и намерно да ја скокне средбата со Венеција, судијата не му покажал. Во 51’ минута Бонџорно беше изваден од игра а додека го напушташе теренот намерно го вадеше дресот за да испровоцира жолт картон. Ни тоа не му пројде.

7 февруари 2022 - 14:47