Славјето во Дакар, Париз, Њујорк за шампионите на Африка

Сенегал во најдобар состав во нивната историја, со ѕвезди како Калиду Кулибали, Садио Мане и Едуар Менди заслужено го освои Купот на Африка откако во финалето го совлада Египет на пенали. Јунаците се вратиле дома а пречекот бил масовен.

Неколку десетици илјади Сенегалци излегле на улиците на Дакар да ги поздрават шампионите кои им донесоа голема радост. Претседателот на Сенегал, Маки Сал ги пречекал на аеродромот, а толпата еуфорично славела кога селекторот Алиу Сисе го кренал трофејот на кровот на автобусот со кои дефилирале низ улиците.

Сенегал во неделата вечер победи во финалето на Купот на Африкански нации. Ова е прв меѓународен пехар во историјата на земјата. Два пати беа на чекор од златниот трофеј - играа во финалето во 2002 и 2019 но изгубија во финале. Сега имаа трета среќа.

Сенегалци славеле насекаде каде има нивни бројни заедници. Во Париз славјето било кај Елисејските полиња

Прослава имало дури и во Њујорк. Во Харлем на 116-та улица имало реон наречен и „мал Сенегал“. После решавачкиот пенал на ѕвездата Садио Мане и таму излегле и го сопреле сообраќајот.

 

8 февруари 2022 - 09:33