Аријан Адеми доби повеќе од заслужен графит од страна на Бед Блу Бојс, кои уште еднаш потврдија колку ја ценат нивната фудбалска легенда.
Тој е дел од клубот од 2010-та, рекордер со 327 настапи, како и најтрофеен играч во историјата на Динамо со 19 трофеи.
На сите примамливи понуди одолеа, а ги имаше многу од поголеми клубови, што е доказ плуз за неговата верност.
За Македонксата репрезентација игра од 2015 година, а неодамна во избор на „Вечерњи лист“ беше прогласен за седми најдобар фудбалер во Хрватска во последните 50 години.
„Никогаш не било пракса да се цртаат актуелни играчи на клубовите, па и на Динамо, но БББ екипата од Петрушевец реши да му посвети мурал на капитенот Адеми, кој отсекогаш давал максимум за клубот и навивачите и кој сигурно е меѓу фудбалерите кои оставиле длабок печат во клубот иако е сè уште активен.
Видовме во претходниот дел од сезоната колку недостасуваше повредениот Адеми во тимот на Динамо, а во овој дел се надеваме дека ќе ја поведе екипата против Севилја и во одбраната на насловот, па и ќе ја носи капитенската лента уште долго“.