Како гледа фудбал во изолација најемотивниот тренер во Бундеслига

Штефен Баумхарт (50), тренерот на Келн е во изолација поради позитивен тест. Мечот против Фрајбург го гледал дома на телевизија во присуство на целото семејство. Цело време урлал, викал, како да е покрај аут линија. Видеото скришно го снимила ќерка му и го објавила на социјалните мрежи. Тренериште!

Толку вика што во еден момент домашниот миленик, кучето Јори.

„Кога се работи за моите дечки, не сум од тие што тивко ќе седат на тросед. Исто како и на терен, многу се движев и периодично урлав во телевизорот“, изјавил тренерот после мечот.

Келн победил 1:0 благодарение на голот на Антони Модест. Баумхарт минатото лето станал тренер на Келн каде дошол од Падерборн, клуб кој за пет години го однел од трета до Бундеслига.

Баумхарт работи одлично, Келн во моментов е на 6. место а лани пред тој да дојде се бореа за опстанок во Бундес.

8 февруари 2022 - 15:05