Дали е Петко, Станко или играч на Реал Мадрид, во Англија не гледаат, туку правила си се правила. За да влезеш, мора да имаш пропусница. Па за среќа, односно за несреќа на домаќините, добро што Карим ја нашол.
„Како помлад често зборуваше за постерите од Бразилецот Роналдо кои ги имал на ѕидовите во детската соба и за Златната топка“, вели новинарот Арно Рамсаи, биограф на книгите за Анелка и Јури Џоркаеф.
Додека брат му Себастијан, поранешниот играч на Јувентус сега е пред крај на кариерата во Сампдорија, Џузепе Џовинко дава одлични голови во Серија Ц за Таранто. На мечот против Монополи на кој победија 2-0, Џовинко-помладиот распали едно шутиште од четириесет метри.
А кој ли беше тој што влезе во терен кога фудбалерот во жолто дриблаше до аут линија и дали тој што ја шутна на крај има доручкувано? Абе не се повторува ваква акција, тоест две.
Ако сте го подзборавиле јапонскиот бек кој се прослави во Интер, еве го се јави. По заминувањето од Серија А играше за Галатасарај и Марсеј, а од лани настапува за Токио. Има 35 години и е во добра форма. Му ја зема искусно на Бојан Кркиќ, а потоа го издрибла Иниеста за што заработи аплаузи и овации.
Во сенка на големата ѕвезда Андриј Шевченко, Игор Беланов е малку подзаборавен лик и еден од тројцата Украинци кој успеа да го освои големото индивидуално признание.
Кралскиот клуб предводен од неверојатниот Карим Бензема со 1-3 го совлада англискиот претставник и обезбеди огромен капитал пред реваншот во Мадрид. Бензема со хет-трик го реши мечот. Виљареал уште живее во бајка, победен Баерн Минхен.
Бразилскиот репрезентативец од Ливерпул синоќа одигра голема ролја во убедливата победа кај Бенфика. За првиот гол на гостите кој го даде Ибраима Конате, Фабињо тргна да слави исто како Африканецот, со лизгање на колена, ама добро е што не се прекрши и стана на нозе.
Ливерпул ги има најдобрите бекови на светот во моментов. Лево ора брзоногиот Енди Робертсон а десно топки како со рака дели Трент Александер-Арнолд. Против Бенфика во Лига на шампиони беа главни автори на победата со сјајни додавања.
Живата легенда на Рома, 45-годишниот Франческо Тоти од 2020-та година сериозно се навлекол на аматерски фудбал 8 на 8. Тој игра за тимот Тоти Спортинг Клуб, основан во тренинг центарот на фудбалската академија која што ја води неговиот брат Рикардо.
Во полуфиналето на Кралскиот Куп на Саудиска Арабија, Ал Феиха со 1-0 го победила фаворитот Ал Итихад. Најзаслужен за тоа бил ветеранот Владимир Стојковиќ, некогашниот голман на Црвена звезда и Партизан кој на свои 38 години имал неверојатни одбрани. Коментаторот полуде од возбуда.
„Против вакво нешто не било лесно во праисторијата, не е лесно ниту денес, а нема да биде лесно ниту во наредните сто илјади години“, изјави Пеп Гвардиола за дефанзивата на Атлетико.
Четата на Јирген Клоп целосно ја оправда фаворитската улога на првото четвртфинале против Бенфика кое го доби со 1:3. Алисон Бекер си дозволи да прави и керефеки, па си поигра еден на еден.
Фудбалерите на Манчестер Сити се изнамачија 70 минути за да најдат лек за дефанзивната тактика на Симеоне и со минимален триумф ќе патуваат во Мадрид. Ливерпул оствари добар резултат на гости против Бенфика кој ветува пласман во топ 4.
„Како денес Сон и Кејн, така и јас и Робин соработувавме. Зборувавме многу, тој го имаше овој однос со Фабрегас во Арсенал и јас зборував многу со Робин за тоа што да напаравам ако ја добијам топката на време. Ќе ме видите како го барам Робин и ќе видите како Робин ја бара топката, тој контакт со очите ми дозволува да додадам, а тој да истрча“, вели Вејн Руни за евроголот на Холанѓанецот со Астон Вила.
Асоцира на хаосот околу пеналот на Чалханоглу, со таа разлика што тука судијава изгледа примил наредба од некој ко Ескобар, дека мора да досуди пенал и ГОЛ, по секоја цена.
Ја заврши кариерата пред пет години кога имаше 40 и не престанува да растура. Од 1:5, неговиот тим на крај одигра 6:6, благодарение на извонредниот Франческо, кој блесна со четири мајстории од кои човек не знае која да ја одбере попрво. Мурињо да го види ова, ќе го земе во тим.
„Физички нема да бидам присутен, ама со мислите сум постојано со вас. Еднаш го поминавме ова заедно и пак ќе го поминеме. Немам сомнеж во тоа. Таков е животот. Тој не е права линија, туку има кривини, падови, подеми и неочекувани дупки во кои можеш да паднеш и треба да бидеш силен да станеш“.
Необична вест стигнува од Италија каде еден кров на еден стар храм одамна не бил чистен. Решиле да се качат со механизација и горе што да видат: десетина стари фудбалски топки.