Кореецот Сон во улога на медијатор раздвои двајца Чилеанци
Во пријателски меч во рамки од подготовките за Светско првенство, Јужна Кореја со 2-0 го совлада Чиле. После дебаклот 1-5 од Бразил, Корејците наидоа на послаб ривал и славеа со головите на Хванг Хи-чан и најдобриот фудбалер во историјата на оваа земја Сон од Тотенхем. Токму Сон тргна да раздвои двајца Чилеанци кои ќе се степаа за малку на сред терен.