Каква свадба, ме викнаа во репрезентација да играм со Франција

Хрватскиот селектор Златко Далиќ изјави дека Лига Нации е бесмислено натпреварување и дека би го укинал да може уште утре. Со тоа им се придружи на многу други селектори и фудбалери на кои веќе им е прекипено од фудбали а сред лето сакаат само одмор. Но Далиќ доби и еден нов адут.

Хрватска одигра 1-1 со силната Франција и ја прекина црната серија која претходно им ја продолжи Австрија со тежок дебакл 0:3 во Осијек.

Селекторот на „коцкестите“ Златко Далиќ може да биде задоволен од играта, од резултатот но и од тоа што најде адекватна замена за ветераните Вида и Ловрен.

Станува збор за 24-годишниот Мартин Ерлиќ од Задар, роден во 1998-ма година, фудбалер на Специја кој е под договор со Сасуоло.

Ерлиќ е 192-сантиметри висок стопер и игра мошне цврсто во дуели со противничките напаѓачи. Минатата сезона беше еден од подобрите во Специја и заслужено доби повик за репрезентација.

Интересно, Далиќ му даде шанса против силниот светски шампион Франција, а Мартин Ерлиќ во меѓувреме требал да оди на свадба кај брат му.

„Брат ми се женеше, ама јас живеам за репрезентација! Имав обврска, голем натпревар, па поради ова се жртвував толку и тренирав“, изјавил Ерлиќ кој поради тоа што неколку дена бил во базата на Хрватска, морал да ја пропушти свадбата на брат му.

Кажал дека преку видео линк ја прател свадбената прослава а неговите родители во понеделникот вечер дошле на мечот Хрватска - Франција на „Пољуд“ каде коцкестите и триколорите одиграа 1-1 и поделија по бод.

Ерлиќ (24) бил еден од подобрите на терен и со право се надева дека селекторот Далиќ ќе го води на Светско првенство во ноември.

Ти си наш капетан, ние сме твое пристаниште

Сочувство на денот меѓу хрватскиот и францускиот селектор

7 јуни 2022 - 15:31