Флиперот за слободни удари

Никола Станчу е еден од оние вечни фудбалски таленти кои каде и да игра ќе дава голови. Да го однесеш од Чаушица па до Реал Мадрид, ќе игра добар фудбал. Романскиот репрезентативец е уште и маестрален изведувач на слободни удари. Има сјајна техника на шут. Во тоа се уверија и Кинезите. Игра за Вухан Три Таунс кој денес со 6-0 го победи некогашниот шампион Гвангжу. Станчу постигна два гола од слободен удар.

7 јуни 2022 - 13:29