Фудбал

Камерите го снимија Алегри бесен поради играчите

Јувентус е без победа по првите четири кола во Серија А, за прв пат по 60 години. Загубија од Емполи и Наполи, а ремизираа со Удинезе и Милан. Се појави снимка по мечот против Милан на која Алегри е ифрит лут што не победија.

Со вакви утки Барса нема далеку да стигне

Барселона освои само бод против Гранада и тоа во натпревар на кој губеше 88 минути на Камп Ноу. Срамно промашување на новото засилување од Севиља, а Куман го испофали.

Пехарот на Звезда од КЕШ го чувале во гепек, а Панчев еднаш го однел на свадба во Македонија

Синиша Михајловиќ зборува на тема Црвена Звезда, ама онаа од најславното, неповторливо, југоносталгично фудбалско време во Југославија. Во Војводина играл за 5.000 марки годишно, а Динамо и Хајдук му нуделе по 150.000 плус Мазда. Но ја одбира Звезда и го прави успехот по кој вели дека можел и да умре.

Тренерот на Баерн Минхен сака модерна револуција - фудбалери да носат наушник

Јулиан Нагелсман (роден 1987, има 34 години) е најмладиот германски тренер во Бундеслига а веќе има сериозна биографија на клупите на богати гиганти.

Пцујте вие, ама во 95-та утнавте пенал

Бесни што загубија дома од Манчестер Јунајтед, а во последните мигови имаа пенал за реми, навивачите на Вест Хем му се сипаа на Погба и се обидуваа да го испровоцираат. Тој среќен за победата им се откорна во фаца од смеење.

Несекојдневен црвен картон во Израел

На дуелот Хапоел Тел Авив и Макаби Петах Тиква еден навивач на домашниот тим упадна на терен и силно во налет го удри фудбалерот Раз Твизер. Продолжи да трча како мува без глава, ама во еден момент играчот Еди Готилеб грубо го стопираше. А судијата се консултираше со ВАР па процени дека таа самоодобрана е за црвен картон.

Нов гол на Роналдо на еден многу луд меч во Лондон

Пред преполн стадион во Лондон Вест Хем и Манчстер Јунајтед одиграа неверојатно неизвесен меч во кој судијата дури 3 пати одби да досуди пенал по сомнителни ситуации. На крај се охрабри а тренерот на домашните направи измена баш за пеналот.

Деби гол на Бобан Николов во стилот на Бироф

Македонскиот репрезентативец кој скоро направи трансфер од Лече во дебитантот во ЛШ од Молдавија, ја начна мрежата за Шериф Тирасол на гостувањето против Зимбру 1:1. Убав гол на Боби, дрско му ја закова.

Две ремек дела на мечот Верона - Рома

Лоренцо Пелегрини и Давиде Фараони во натпреварот кој ќе даде појак гол на дуелот Верона - Рома 3:2. Прв пораз на Мурињо, победа на Игор Тудор на својот деби меч. Извонредни мајсторски голчишта.

Супер лоб на Халанд, веќе е на 7 гола во Бундес

Борусија Дортмунд со 4-2 го торпедираше Унион Берлин. Норвежанецот постигна два гола од кои едниот со лоб на маестрален начин.

Меси одби да се ракува со Покетино поради измената

Почнаа да играат суетите во дрим тимот на ПСЖ, а тоа може да се забележи по реакцијата на Меси кој беше незадоволен што Покетино го извади во второ полувреме на местото на Хакими во 76-та минута.

Кога камерата ептен ќе изненади со кадрите

Ама со видео кадри на кои ќе видите три нефудбалски сцени и една фудбалска, која исто би ја нарекле нефудбалска.

Читачи од усни за Симеоне и клупата на Атлетико

Шоуто El Día Después точно ги дешифрира зборовите на Чоло Симеоне и фудбалерите на клупата за резерви за време на лудиот меч со Еспањол на гости. Атлетико Мадрид успеа да слави 1:2 со гол дури во длабоко судиско продолжение, во 90+9’ минута. Еве како реагираше Диего Пабло Симеоне.

Да ви каже Евра дали е поголем Јувентус или Манчестер Јунајтед

Французинот важи за еден од најдобрите леви бекови на сите времиња. За Манчстер Јунајтед играше 9 сезони (од 2005 до 2014-та) и освои 5 шампионски титули, 3 Лига Купа, 4 Комјунити шилда, Лига на шампиони и Светско клупско првенство. Ама...

Роналдо, Евра, куќата и овците

Во Англија не се вратија само головите на Кристијано Роналдо туку и неговиот однос со британските таблоиди кои се пресреќни што ќе можат да пишуваат секакви пикантерии. Една веќе лебди во медиумите а луѓето од прес-службата на Португалецот ја негираа.

Пеле е спремен за нови 90 минути плус продолженија

Бразилската легенда, кој е синоним за фудбал не е во старата форма, ама се држи. Има 80 години, а од 2015-та до сега, имаше проблеми со простатата, со колкот, а деновиве го оперираа за да му отстранат тумор. Велат дека и уште е силен и тврдоглав.

Лоб каков на Олимпико можеше само Тоти

Рома игра неверојатно ефикасен фудбал под водство на Жозе Мурињо. Екипата меле на сите фронтови. Во Серија А имаат 3/3 со гол разлика 9:2 и се први на табела. Синоќа во ЛК ја торпедираа ЦСКА Софија со 5:1. Два гола даде капитенот Лоренцо Пелегрини од кои првиот беше права убавина.

Атрактивен гол на Наполи за кој мајсторишаа Елмас и Инсиње

По 64 минути игра, Лестер синоќа имаше предност од 2:0 против Наполи. Но потоа влезе Елмас и Наполитанците со двата гола на Виктор Осимен стигнаа до реми. Првиот го изработија Инсиње, Елмас и Фабијан на мал простор како на мал фудбал. Финишот на Нигериецот е мајсторски.

Одбојкарски смеч на Лацио во Лига Европа

По поразот од Милан, Лацио под водство на Сари бележи нов пораз, овој пат од Галатасарај со 1:0. Голот за 3 бода на домаќините им го подари Томас Стракоша, кој втора сезона му е замена на Пепе Реина. Трагикомедија, невидена и во романска четврта лига.

Тинејџерот кој лажел дома дека ќе оди на финалето на ЕП меѓу Англија и Италија

А можел да праша, не се до толку строги неговите колку што мислел. Врвно изненадување му направија откако го открија.

Нов пад на Македонија на ФИФА ранг листата

Во рок од само еден месец македонската фудбалска репрезентација бележи нов пад на рејтингот на ФИФА. За тоа се должни слабите резултати на претходните три меча.

Од играчка плачка, гужва и хаос во англиски Чемпионшип

Стоук и Барнсли, некогашните премиерлигаши, во 7. коло од втората англиска лига Чемпионшип одиграа 1-1. Мечот го одбележа голема гужва која од нигде никаде ја направија домашните тренери Ден Холден и Рори Делап со гостинскиот помошник тренер на Барнсли Џо Лауман. За ништо.

А да се запишете на бокс?

Снимката е стара, а оние кои се сакаат се Нене од Бразил и Хусин Карја од Мароко. Првиот има 40 години и игра за Васко де Гама, а вториот се повлече. Во периодот од 2005-та до 2012-та играше за неколку италијански клубови меѓу кои Рома, Интер и Фиорентина.

И така ти викам, бевме на фудбал, кога ракета од Space X отиде во орбитата

Во средата за време на мечот Орландо Сити - Монтреал од американската МЛС лига кој заврши 2:4, гледачите не виделе само шест гола и два црвени картони, туку и интересен настан надвор од стадионот.