Во се-бразилски дуел од четвртфинале на Копа Судамерикана, славниот Сао Пауло со 1-0 ја победи Сеара во првиот меч пред реваншот. Победничкиот гол го даде Никао во 70’ минута ама играч на мечот беше гостинскиот голман Жоао Рикардо Риери со неколку фантастични одбрани со кои го остави својот тим со големи шанси за реваншот.