Црвена звезда со 5-0 го растури ерменскиот шампион Пјуник во 3. квалификациско коло за Лига на шампиони, но мечот ќе се памти со сигурност и поради една неверојатна глупост. Стандардниот лев бек на Звезда, Милан Родиќ при резултат 5-0 на само 10 минути пред крајот, во само дваесетина секунди направи два тотално глупави прекршоци поради кои доби два жолти и автоматски црвен картон.