Во својата 34-та година, Карим Бензема дефинитивно ја игра сезоната на кариерата. Прв стрелец е во Ла Лига која ја освои, прв во ЛШ каде ќе игра во финале, импресионираше со хет-трикови во нокаут фаза и како капак на сè го стигна легендарниот Раул на вечната листа на стрелци во Реал.
16 години поминаа од најнеславниот потег во кариерата на Зидан кој го направи во дуел со Матераци во финалето на СП 2006. Го повторија Романците во полуфиналето меѓу Крајова и Сепси од Купот, а жртва е македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски. Заслужен црвен картон за Никушор Банку кој пред да замине во соблекувална го погоди со топка во глава.
Манчестер Сити ја надмина границата од милијарда евра за трансфери откако на кормилото е Пеп Гвардиола, а последното засилување им е Халанд кој го купија за 60 милиони евра. Општата критика до шпанскиот стратег е што и на таа пара, уште не може да освои ЛШ. Тој на тоа одговара дека кога Ливерпул и Манчестер Јунајтед доминирале, тие трошеле најмногу пари, а не Норич или Лестер.
Фудбалерите на Наполи сезонава имаа фантастичен старт во Серија А со 8 од 8 и без пораз во период од три месеци, се до 13. коло кога загубија од Интер. Но сето тоа падна во вода. Навивачите сакаат трофеи и го бркаат Спалети.
Најдобриот македонски фудбалер во историјата, уште дума дали за неколку недели и конечно да стави крај на прекрасната и богата кариера или да игра и на 40 години.
Хрватскиот репрезентативец игра маестрална сезона и е еден од најзаслужните за новата шампионска титула на Реал Мадрид, како и за пласманот во големото финале на Лига на шампиони. На тренинг уште еднаш ги замрзна соиграчите со луд шут со надворешна. Слично како она за чудесната асистенција до Родриго во четвртфиналето на ЛШ со Челси.
Во еден момент од мечот Лидс - Челси (0-3) топката летнала кон трибините. Ја фатила една девојка која се обидела да ја задржи како што би се обидел секој нормален. Бекот на Челси Маркос Алонсо се смешка додека гледа, а во меѓувреме на домашните фудбалери им се брза и не им е до смешка зошто испаѓаат во втора лига.
Рахим Стерлинг синоќа го даде петтиот гол за Сити после четирите комада на Де Брујн, ама имаше и една голема утка после додавањето на Фил Фоден, ама дуел еден на еден со стативата. Таа се стресе, а тој мака немаше.
Иако Ренџерс долг период од сезоната беше прв, во еден момент тимот предводен од грчкиот Австралиец Анге Постекоглу го стигна најголемиот ривал, го престигна и до крајот не ја испушти предноста. Селтик ја освои 52 шампионска титула во клупската историја и 10-та титула во последните 11 години. Лани Ренџерс стигна до пехарот со 25 бода повеќе од детелините.
Манчестер Сити е сè поблиску до одбрана на титулата во Премиер лига. Моќта во 36. коло ја демонстрираа против Вулверхемптон на гости кој го декласираа со 1:5. На две кола до крај разликата пред Ливерпул останува на +3.
Извесен Алфред Продани, доскорешен директор на Јавното претпријатие Водовод во областа Курбин во Албанија, бил дел од организирана криминална банда која ограбила најмалку десет елитни вили во Шпанија.
Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андреј Павелко го презентираше дресот „Обединети за Украина“ на кој стојат знамињата на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Косово...
Се бореа против Суперлига а донесоа одлуки бетер од идеите за Суперлига. Од најбогатите за најбогатите, а се одзема место од послабо рангираните и поскромни клубови. Бизнисот во прв план.
Иако многу фудбалери на претставување во нов клуб куртоазно изјавуваат дека од мали нозе навивале за тој клуб и им било сон еден ден да заиграат за него, а често се подалеку од вистината, тоа не би можело да се каже за најголемата млада ѕвезда на европскиот фудбал.
Барселона е се поблиску до зацврстување на втората позиција во Ла Лига откако синоќа на три кола до крај ја победи Селта со 3:1. Стрелци Депај и два пати Обамејанг. Осман Дембеле имаше две асистенции и дриблинг против двајца кои го загубија компасот кога тргнаа да му ја земат.
Манчестер Јунајтед сезонава има примено 56 гола, најмногу во топ 12 екипи на табела во Премиер лига и повеќе од 17-то пласираниот Барнли. Човеков кој го платија 80 милиони фунти има 200 кикса сезонава, а кај Фергусон би немал место ни на клупа. Погледнете го каков шаховски потег извади.
Франк Рибери и Салернитана жестоко се борат за опстанок во италијанската Серија А. На мечот со Каљари водеа 1-0 со гол од пенал за да во буквално последните секунди примат гол и освојат само бод против директниот ривал за прволигашки статус.
Новиот македонски првак Шкупи едвај спаси жива глава на гостувањето кај ланскиот првак Шкендија. Се јавија со реакција за низата инциденти кои се случија во Тетово и ги потсетија тетовци како тие беа пречекани во Чаир.
Црвените беа на фантастичен пат да го урнат моќниот Манчестер Сити. Ја намалија големата бодовна разлика, ги притиснаа храбро, долго време им дишеа во врат но на крај се лизнаа со Тотенхем (1:1) и Пеп избега 3 бода на 3 кола до крајот. Уште ништо не е готово секако за Ливерпул кој ќе мора да победува и да чека кикс на Сити.