Ѕвезда на Баерн Минхен покажува како се почитува земја која те примила

Алфонсо Дејвис е човек за пример. Добричина.

Одличниот фудбалер на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис има неверојатна животна приказна.

Родителите на Дејвис се од Либерија, а тој е роден во бегалски камп во Гана. Родителите избегале од Втората граѓанска војна во Либерија во Гана а подоцна емигрирале во Едмонтон, во Канада, во прифатилиште за бегалци.

Алфонсо фудбалски напредува со најголеми висини и станува ѕвезда на гигантот Баерн Минхен. Најзаслужен е што Канада ќе игра на Светско првенство првпат после 36 години и рече дека целата премија што му следува за пласман на Мундијал ќе ја даде во добротворни цели за хуманитарна помош.

„Канада ме прифати добро мене и моето семејство и ни даде можност за подобар живот. Ми овозможи да ги живеам моите сни. Голема чест е да се игра за Канада и јас сакам да се оддолжам, така што решив да ги донирам премиите од Светско првенство за хуманитарни цели“, напиша Алфонсо Дејвис на Твитер.

3 август 2022 - 10:01