Португалецот имаше второ блескаво деби на „Олд Трафорд“ и со гол беше творец на триумфот против Њукасл (4:1). После мечот му аплаудираа сите, цел стадион, противнички навивачи, му честитаа судии а дури тројца противнички фудбалери му го побараа дресот ама добија ист одговор: морам да го вратам кај економот.
Го повреди коленото, го пропушти европското и еве го со гол уште веднаш на кам бекот во Серија А. Со голот против Лацио, неверојатниот Златан е стрелец во 24 фудбалски сезони, а од акцијата има еден детаљ кој го потенцираа и од Милан.
Во последниот меч од 4. коло во англиско, имаше 16 минутна голеада во второто полувреме со четири погодоци. Барнли поведе 0:1 и ги налути домаќините од Евертон кои испукаа три комада за 6 минути. Внимавајте добро на голчиштето на Андрус Таунсенд.
Шон Елиот е тренер на тимот по американски фудбал Џорџа Стејт Пантерс. Има тотално луди методи на работа и спартански принципи на мотивација на своите играчи. Ама слабо ја почнаа сезоната со 2 порази на 2 меча. Којзнае можеби ова проработи еден ден.
Дуел меѓу екипите Јамербугт и Коге во втора лига на Данска. Домашните победија 4:3 а во тоа им помогна и Максимилијан Зауер со многу смешен автогол во стилот на расни напаѓачи.
Ќе ви треба едно 5-6 пати да ја изгледате сценава од мечот меѓу Мехелен и Остенде и пак нема да ви биде јасно како е ова можно. Па од кафана да станеа, подобро ќе изиграа. Крајот е стварно пијана работа.
По пауза од речиси четири месеци, Златан се врати на терен и беше автор на триумфот на Милан од 2:0 против Лацио. Швеѓанецот со балканско потекло привлече внимание врз себе со новиот имиџ - фризура со плетенка.
Во супер меч во кој навивачите видоа дури седум гола, Реал Мадрид ја совлада Селта Виго со 5:2 после два пресврти и со триумф го одбележа враќањето во својот дом после дури 560 дена.
Култниот италијански клуб за жал сезонава се наоѓа во второлигашко друштво, но тоа не е никаква пречка да не добие поддршка од тие што вистински го сакаат. Викендов гостуваа, тепаа убедливо со Џиџи на голот, а на трибина македонско знаме.
Фудбалерите на Рома синоќа го совладаа Сасуоло и заедно со Наполи и Милан се единствените екипи со 3 од 3 на стартот. За Жозе Мурињо победата значеше многу. Ја прослави во свој стил.
Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд одиграа дерби за мерак. Славеа гостите со 3-4 во најинтересниот меч од почетокот на сезоната во Бундеслига. Халанд даде два гола а при прослава на едниот ги гаѓаа со пива од трибини, па англискиот репрезентативец Џуд Белингем фати едно во лет.
Баварците со 1-4 го прегазија најголемиот конкурент за титулата сезонава, РБ Лајпциг, ама единствениот гол за домашните кој го распали Конрад Лајмер беше за најавни шпици.
Серија А излезе со еден статистички податок на кој нема Македонец кој не би се гордеел. Во друштво на топ 10 активни фудбалери во Серија А со најголем број на настапи, да ти бил и Горан Пандев и тоа на трета позиција.
Појако враќање дома и не можеше да посака. Два гола, победа, скандирање на неговото име, мајка му на трибина, како и неговиот фудбалски татко Сер Алекс Фергусон.
Не само што го видоа во прва постава уште на првиот меч, туку веднаш даде гол и предизвика еуфорија на култниот стадион во Англија. По пауза од 12 години, Кристијано Роналдо се врати на Олд Трафорд со погодок против Њукасл.
Тоа се тие градски ривалства во Италија, шеташ низ Рим и ако си почетник како Жозе, може лесно да го утнеш квартот или ресторанот. Но добро, сето ова излезе симпатично и од двете страни. Навивачот се пошегува, а Мурињо веројатно чекаше фотка и мислеше дека се работи за романист.
Со нов хет-трик за својата Аргентина, Лионел Меси стана најдобриот стрелец на една репрезентација во историјата на Јужна Америка. Легендарниот Лео сега има 79 гола за репрезентација.
Во 2008-ма година стоперот кој по потреба играше и бек, во финале на Лига на шампиони му намести гол на Кристијано Роналдо против Челси во Москва. На пенали тогаш Манчестер Јунајтед ги совлада „сините“ а Роналдо и Вес Браун тогаш беа соиграчи а сега се во поинакви улоги.
Колумбија - Чиле: 19-та минута 1:0, стрелец Борха. 20-та минута 2:0, стрелец Борха. 27-ма минута Борха во напад за хет-трик кој можеше да го оствари за 7 минути. Некогаш човек треба да е себичен.
Во Буенос Аирес имаше Меси шоу, а во еден момент гостите не знаеа како да се носат ниту со Анхел Ди Марија. Камерата едвај го пратеше, на па тие. Бркај, бркај, не се добркува, ќе мора по цеваница.
Во Јужна Америка, се одиграа пет средби во 8. квалификациско коло за СП 2022 и на сите пет славеа домаќините. Најемотивно беше на Ел Монументал во Буенос Аирес, каде Меси му сруши рекорд на Пеле. По мечот имаше фешта за трофејот од Копа Америка.
Откако ФИФА решила да направи студија на изводливост и потенцијли и последици од евентуални реформи за Светско првенство на секои 2 години, денес од состанокот во Доха стигнаа и нови идеи.
Идејата за Мундијал на секои две години со која би се обесмислила дражта и убавината на Светско првенство, за некое чудо проистекнува од еден од најголемите борци за правда и спортско витештво, Французинот Арсен Венгер.
Голем клуб со такво реноме не остава ама баш ништо на случајот. Затоа и важат за најсредениот колектив во Европа. Имаат вработено професор по германски јазик и книжевност кој секојдневно работи со странските играчи.