Нов, којзнае кој по ред драмски театар од Нејмар

ПСЖ ги финишира подготовките пред новата сезона кои реши да ги изведе во Јапонија. Таму Парижаните одиграа неколку пријателски средби а на последната, против Гамба Осака Нејмар покажа дел од својот раскошен талент.... за глума.

А најјако е дека судијата наседна и дека Нејмар доби пенал кој го реализираше:

На крајот ПСЖ победи 6-2 а стрелци на головите за тимот на новиот тренер Галтие беа Пабло Сарабиа, Нејмар (2, 1 од пен.), Нуњо Мендеш, Лео Меси и Килијан Мбапе од пенал.

25 јули 2022 - 14:11