Македонија Ѓорче од близу за бугарски медиум

Репортер на бугарскиот медиум Dsport.bg во вторникот бил во најавена посета на македонскиот европретставник Македонија Ѓорче Петров, ривал на ЦСКА Софија во квлаификации за Лига Конференции. Тренерот на Ѓорчепетровци, Муарем Бајрами како прав домаќин го прими гостинот и го прошета низ клупските простории.

Првиот натпревар меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија се одигра минатата недела и по пеколни температури заврши 0-0 на теренот „Петар Милошевски“ кај седиштето на ФФМ.

Утре (четврток) од 19 часот ќе се игра реваншот, пред полни трибини на стадионот "Бугарска армија" во центарот на Софија.

27 јули 2022 - 10:58