Лучо Суарез Ел Пистолеро пак заигра за најсаканиот клуб

Само неколку дена откако се врати во матичниот клуб од родниот град, Луис Суарез, легендарниот центарфор кој блескаше во Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, дебитираше по втор пат за својот Насионал Монтевидео каде го пречекаа како најсакан играч.

Европската кариера на Луис Суарез дојде до крајот. 35-годишниот Уругваец се врати во својот Насионал Монтевидео каде ја одигра првата сезона во професионалниот фудбал.

Од таму Луис во 2006-та се пресели во холандски Гронинген од каде почна неговото неверојатно патешествие. На неговото второ деби, околу 35.000 гледачи го скандираа името на Луис Суарез од кого очекуваат многу голови и шампионски трофеи.

Во првиот меч од четвртфинале на Копа Судамерикана против бразилскиот Атлетико ГО Лучо влезе од клупа во 74’ минута наместо Фахундез ама не смени ништо на теренот и неговите изгубија 0:1 пред реваншот.

Меси, најдобриот другар на Лучо со посебна емотивна видео порака му посака среќа на Суарез во Насионал и кажа дека знае колку овој клуб му значи на Уругваецот. Лионел дури и му го отстапил неговиот личен приватен авион за да Суарез директно отпатува во Монтевидео на потпис со родниот клуб.

 

3 август 2022 - 10:53