Кога ќе ви зборуваат за македонски фудбалски ниви, покажете им го ова од Шведска

Од неразјаснети причини знаеме да бидеме самокритични шампиони па да фрламе дрвја и камења само по нашите фудбалски клубови и организации чии терени понекогаш стварно изгледаат на бавча за садење пипер, компир и домат. Ама...

Кога врне дожд, теренот е натопен еднакво и во Кратово и во Гетеборг. Просто е, нема многу математики.

Така мечот меѓу најстариот шведски клуб Оргрите од Гетеборг и Ескилстуна беше прекинат после само 2 минути игра поради обилна вода на теренот. Немало услови за игра на модерниот стадион Gamla Ullevi, па мечот е одложен за друг ден.

Не е дека само во Кратово, Прилеп и Битола не се игра поради наводенет терен па се прави мајтап од тоа и се исмева македонскиот фудбал:

Врнело, врнело, тоа е:

5 август 2022 - 10:42