
Холандскиот гигант објави соопштение во кое на навивачите им се забранува да бараат дресови од играчите преку пишани пароли и банери. Во последно време бројот на такви плакати е се поголем а дресови во Ајакс не стигнувале доволно. А навивачите ако играч не им даде дрес, одма му наденуваат дека е скржавица.
Уште една од причините за забрана на овие пишани банери најчесто на картони е и опасноста од избивање пожар. Плакатите брзо распламнуваат и може да предизвикаат опасни ситуации.
Вакво соопштение управата на Ајакс упатила уште пред мечот од Суперкупот на Холандија со големиот ривал ПСВ Ајндховен (1:3 за „Филипсовци“).
Апелот бил генерално добро прифатен, иако некој пак дошол со плакати:
ДЕЦА ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ ЧЕСТО БАРААТ ДРЕСОВИ ОД ЅВЕЗДИТЕ, А СИРОМАШНИТЕ КЛУБОВИ НЕ СЕ ВООДУШЕВЕНИ ОД ТАКВИТЕ БАРАЊА
Најчесто децата и младите се тие што бараат дресови од своите омилени играчи кои неретко ако го здогледаат банерот, приоѓаат, ја пробиваат редарската служба и ќе израдуваат некој навивач.
Секако дека никогаш нема да може со сигурност да се утврди од каде и од кога проистекна ова барање дрес преку плакат, иако на популарниот фотохостинг Getty Images на прашањето Can I Have Your Shirt („Може ли да го добијам твојот дрес“?) се објавува фотографија со љубителка на шпанскиот легендарен голман Икер Касиљас на Светското првенство во 2014-та.
Временски следна најстара е онаа со барање на дресот на голманот на Холандија Силесен од 2016-та:
Во последните неколку години на многу стадиони ширум светот има еден куп такви банери со натпис и трибините повеќе личат на аеродроми а не на стадиони
Пред четири години на навивачки сајт на премиерлигашот Брајтон излегла гневна статија. Авторот не можел да разбере зошто децата сакаат дресови од таму некои големи ѕвезди а не од сопствените играчи на нивниот клуб од нивниот град.
„Навивачите на Брајтон седат на трибини на стадионот на Брајтон и бараат дрес од фудбалер на Арсенал. Тоа укажува дека целата наша публика се состои од навивачи на клубови од големата шестка за кои Брајтон е само втора екипа. Ако ти навиваш само за Брајтон, кој ѓавол тогаш сакаш дрес од играч на друг клуб?
Да играме во Лига 2 па да пречекаме некој клуб од Премиер лига, тогаш и ај некако би разбрал. Ама играме исто во тоа првенство, на тоа ниво, против играчи од типот на Озил и Обамејанг секоја недела и дали такво идолопоклонство го обезвреднува Брајтон? Каде се плакати: „Мареј 17, може ли да ми го дадеш дресот?“ или „Грос, ќе ми го дадеш ли дресот“? Вие доаѓате на трибини да ги поддржите своите а не противниците“.
А има случаи и кога среќните добитници или нивните најблиски се решаваат подоцна да заработат на оригиналниот дрес. На пример во Русија неколку пати некое дете барало дрес од шпицот на Зенит Дзјуба. После неколку обиди на крај партнерот на Русинот Дзјуба од шпицот на Зенит, Себастијан Дриуси (во моментов прв стрелец во американската МЛС лига) се смилувал и му го дал својот дрес на детето.
После некое време дресот се нашол на огласи:
„Се продава дрес од Дриуси носен тогаш и тогаш за 8.000 рубљи“
Иста ситуација имало и во Ливерпул: