Уште едно јако галопирање на Бејл, овојпат во САД

Триесет и три годишниот Велшанец и натаму е во одлична форма, иако американската МЛС лига за него е како маалско игралиште каде ги проаѓа ривалите како сака. Бејл летово потпиша со богатиот Лос Анџелес Галакси каде дојде и Џорџо Кјелини. Герет веќе има два гола за 96 минути игра во новиот клуб кој е прв на табела со 51 бод.

Во последниот триумф на Лос Анџелес ФЦ над Солт Лејк од 1-4, Бејл даде гол кој потсети на неговиот легендарен од големото дерби на финалето на шпански Куп меѓу Реал Мадрид и Барселона кога го прешиша Марк Бартра како брз воз:

8 август 2022 - 13:07