Фудбал

Јунакот кој на Пеп Гвардиола му ја донесе титулата, 6 години живеат во иста зграда, му заѕвонил само еднаш на врата

Во повеќе од милијарда фунти потрошени на трансфери, Пеп Гвардиола лесно би можел да заборави дека негова прва аквизиција во Манчестер Сити беше Илкај Гундоган.

Зинченко го покри трофејот со украинското знаме и му го посвети на својот народ

Олександр Зинченко ја заврши најтешката сезона во кариерата и имаше наплив на емоции за време на прославата на шампионската титула, исто така веројатно најтешка откако игра фудбал.

Сите магични потези на Давид Бабунски сезонава

Браќата Доријан и Давид конечно после многу разни дестинации, заиграа за ист клуб - унгарски Дебрецен. Патиштата им се вкрстија неодамна а клубот на крајот ја заврши сезоната на 7. место од 12 клуба.

Босанска лакрдија, навивачи му влегоа на играч со шамари и клоци затоа што испаднале од прва лига

Одиме со третиот балкански циркуз ова коло од кои втор со насилство. Рудар загуби дома 2:5 од Радник Бјелина во првата босанска лига, која е очигледно дива лига, бидејќи има недостиг од основна работа на стадион, а тоа е полиција. Рудар испаѓа од лига, а фудбалерите јадат ќотек од навивачите кои им ги соблекуваат дресовите. 

Офсајд лик на сезоната: Хакан Чалханоглу

По нашки е Офсајд лик, инаку му следуваат и други епитети како на пример малер, баксуз или најадекватно лузер на сезоната.

Гол шоу на Супер Марио кој даде 5 гола од кои еден ремек дело

Вие го мислите дека е веќе издишан, бидејќи после кариера во Сити, Ливерпул, Интер и Милан игра за Адана Демирспор, ама тој заврши како втор стрелец во турскиот шампионат со 18 гола. Балотели сезоната ја заврши со петарда против Гезтепе кој загуби 7:0, а во прво полувреме им стегна хет-трик за 11 минути. Одиме прво со велемајсторската рабона.

Златан мадафакр

Го освои последното Скудето на Милан 2011-та со Алегри, се врати и по 11 години го освои пак, овој пат со Пиоли на полни 40 години. Каков мангуп, со шампањ и пура се појави да слави.

Прв гол на Илија Несторовски сезонава, за малку ќе ја турнеше Салернитана во Серија Б

Во последното коло од Серија А, Милан со 0-3 на гости го победи Сасуоло и заслужено стигна до 19. скудето во својата клупска историја. Од друга страна, во борбата за опстанок, Салернитана после долги маки конечно дојде до прилика сама на свој терен да одлучува за спас и опстанок, но потфрлија против Удинезе.

Италија обоена во црвено и црно - Милан шампион по 19. пат!

Како и во англиската Премиер лига, така и во елитната италијанска Серија А во недела вечер се играше последното коло во кое се решаваше шампионската титула. Сосема заслужено ја освои Милан кој со 0-3 го совлада Сасуоло и ја задржа лидерската позиција пред градскиот ривал Интер.

Како на филм: Драма до последен момент, Манчестер Сити ја освои шампионската титула

Фудбалерите на Манчестер Сити ја одбранија шампионската титула во Премиер лига, па по славјето минатата сезона, и сега тимот на Пеп Гвардиола стигна до трофејот, но по многу драматичен пат до последни секунди. Како во 2012 со Агуеро.

Невиден циркус во прва лига на Бугарија, земја од Европска Унија

Во натпревар од најдобрата фудбалска прва лига на Бугарија меѓу Царско село и Локомотива Софија се случија неколку епизоди кои навистина делуваа нереално дури и за првенства од најзаборавените земји од третиот свет.

Моментот кога Ал Келаифи пред полн стадион соопшти дека Мбапе останува во Париз

Сагата со моментално веројатно најјакиот напаѓач во светот заврши уште пред да почне летниот период за трансфери. Килијан Мбапе го откачи Реал Мадрид. Ла Лига ќе го тужи ПСЖ.

Асистенцииште на Дарко Велковски

Со триумф од 1:0. Ријека го совлада Хрватски Драговољац во последното коло од хрватскиот шампипонат. Стрелец на победничкиот гол беше Колумбиецот Хорхе Обрегон уште во 2 минута, по извонредниот пас на Велковски.

Спортски потег за воодушевување, на Бернабеу имаше двоен шпалир

Реал Мадрид и Бетис ја завршија сезоната во Ла Лига со најдосадниот резултат 0:0, ама одржаа лекција за почит. Вие нас се испочитувавте за Купот, ние ќе ви вратиме за титулата. Ретко убави сцени.

Како може да се случи Серија А следната сезона да има 8 екипи во Европа?

Завесата во италијанскиот фудбал викендов ќе се спушти на мега возбудлив начин. Интер и Милан се борат за Скудето во последно коло, а доста неизвесно ќе биде и за излез на меѓународна сцена.

Историски Кралски Куп за Трајковски и Ал Фејха кои направија сензација во Саудиска Арабија

Голем ден во кариерата за јунакот од Палермо кој синоќа го прослави првиот трофеј во кариерата, а тоа е воедно прв трофеј во клупската историја и за неговиот тим. На Алекс му тргна да ги изненадува фаворитите.

Прослава на денот

Бразилецот Ришарлисон постигна гол и намести еден во неверојатниот триумф на Евертон над Кристал Палас после пресврт 3:2 од 0:2 за три златни бода со кои обезбедија опстанок во Премиер лигата. Кога падна третиот гол за победа кој го даде Доминик Калверт-Луин, Бразилецот ја имаше прославата на сезоната. Ко да се фрли во базен.

Навивачкиот лифт на Бока е хит во Јужна Америка

Додека во Европа фудбалот стана првокласен бизнис во кој се наддаваат милијарди, Јужно-американците уште го задржаа романтичниот поглед кон најубавата игра. На нивните стадиони секој натпревар има некој нов „изум“. Како на пример на овој на мечот Бока - Коринтијанс од Копа Либертадорес (1:1).

Остај ти титула, да видиш опстанок во Евертон како се слави лудо

Евертон беше на работ на амбисот. Губеа дома 0-2 од Кристал Палас и беа на праг да се тресат за испаѓање во втора лига до крајот од сезоната. Но во вториот дел „карамелите“ направија целосен пресврт со 3-2 со головите на Мајкл Кин, Ришарлисон и Доминик Калверт-Луин во 85’ минута.

Љубовен клип со Мурињо и Венгер

Некој добро поткован фанатик за фудбал, седнал на монтажа и си играл со зборовите на двајцата славни тренери. Ама ептен јако си играл, како за Валентајн.

Најдоброто од Даре Чурлинов во 1 минута

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов долго ќе ја памети големата прослава со тимот на Шалке кој се избори за кам бек во Бундеслигата како првопласиран. Уживајте во неговите најдобри потези од сезонава. Топ компилација му направиле. 

Дедото журкаџија кој го направи Ајнтрахт Франкфурт европски шампион од второлигаш

Германскиот Ајнтрахт го освои првиот евро пехар после цели 42 години. Тогаш, во 1980-та славеа во Куп на УЕФА, сега славеа во истиот турнир со друго име - Лига Европа. Огромни заслуги за историскиот успех носи уникатниот претседател на клубот - 63 годишниот Петер Фишер.

Како Филип Костиќ стана херој во Лига Европа после промашена мејл адреса

Еден од најдобрите фудбалери на Ајнтрахт Франкфурт и најзаслужниот што овој клуб го освои првиот европски трофеј после цели 42 години, Филип Костиќ за малку пред неколку месеци ќе заминеше од клубот.

Кога душата им се радува на коментаторите

Славната фраза на Тони „Сега душата се радува, затоа што има зошто душа да е“, важи за играчите, тренерот, стручниот штаб, навивачите, ама и за тие на кои пена им фати устата 120 минути и кусур. Па како да не скокаат, само втор европски трофеј им е во 123 години историја.