Фудбал

Видовте ли што одбрани голманот на Ајнтрахт во 118-та и 121-ва минута?

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс нека не гледаат хајлајтс од финалето за да не се јадат живи или нека ги прескокнат последните мигови од продолженијата. Кевин Трап буквално ги отпиша, особено со првата лудачка и јуначка интервенција со нога.

Среќните панталони на тренерот на Ајнтрахт - еден пар веќе е во музеј, со другиот освои Лига Европа

Ајнтрахт Франкфурт го освои највредниот трофеј досега во клупската историја откако синоќа на пенали во Севиља го совлада шкотски Ренџерс. Тренерот на германскиот состав Оливер Гласнер има едно мало суеверие кое верува дека му помага.

Ајнтрахт Франкфурт е во облаци, преку драматична пенал серија стигна до европски трофеј по 42 години

Првото од три европски финалиња колку што за прв пат ќе гледаме месецов, му припадна на Ајнтрахт Франкфурт кој втор пат во историјата се радува на ЛЕ. 1:1 во регуларниот дел, 5:4 на пенали. Трагичар беше Арон Рамзи, единствен играч кој промаши во петте серии.

Топ компилација со голови постигнати во финале на ЛЕ

Индивидуалната акција на Фалкао, фелшот на Стариџ, проектилот на Занети против Лацио...Финалињата од ЛЕ знаат да дадат многу јаки голчишта. Глазгов Ренџерс брка прв трофеј, Ајнтрахт Франкфурт втор. Битката ќе се води во Севиља од 21 часот.

Трол за Арсенал од навивачите на Њукасл

Им го „одземаа“ во претпоследно коло со победа од 2:0, па уште им пејат на таа тема за да ги дотепаат. Само пораз на Тотенхем од Норич, а победа на Арсенал над Евертон може да донесе пресврт во недела на табела.

Навивачите на Сампдорија „ја погребаа“ Џенова

Додека го имаа Пандев се спасуваа, потоа дојдоа некои Американци за газди кои очигледно не сфаќаат што значи да го имаш Горан во тим и ете ги до каде стигнаа. Кам бек во втора лига.

Не планирав ножички, сама ми се намести

Мајсторот се презива Дел Прете што во превод значи поп. И да сакаше не можеше да најде поатрактивен начин за 3 бода на Естудијантес во Копа Либертадорес. Погледнете како го реши отпадокот кој стигна до него.

Превртување од радост, легендарниот Нотингем на 90 минути од Премиер лига

Некогашниот европски шампион и клуб кој ја доминираше цела Европа, а кој подоцна со децении дремеше во ниските англиски дивизии, сега дојде во прилика за првпат после далечната 1999-та да се врати во елитната Премиер лига.

Шампиони се на Македонија, а не држат македонски знамиња

Шкупи или Слога Југомагнат по старо, ја прослави шампионската титула. Играат во македонска лига, имаат неколку македонски фудбалери, тренер им е Гоце Седлоски, а се однесуваат како да се дел од албанскиот или косовскиот шампионат, исто како Шкендија. Ова е атмосферата на стадионот во Чаир во последното коло против Академија Пандев.

Франческо Толдо во македонска верзија

Ја имаме одбраната на колото, месецот и сезоната од нашиот драгоцен и ултра атрактивен мак фудбал. Да се наежи човек. 

Кој е шампион ако Интер и Милан завршат со ист број на бодови?

Во недела, на 22 мај, во Милано и оваа година ќе има фешта за Скудетото, само уште да се официјализира кој ќе го освои. Милан 83, Интер 81.

Колку треба да си глуп за да му спречиш контра на соиграч?

Европско првенство за играчи од 17 години, Полска vs Франција. Се обидуваме да се сетиме дали до сега сме виделе ваква некоординација во напад, ама не ни текнува. Што ли сакаше детево да направи? Заедно да ја водат?

А го видовте ли лудилото во Штутгарт со голот за опстанок во последни секунди?

Во саботата се одигра последното 34. коло во Германија и се спушти завеса на сезоната. Баерн е десетти пат по ред шампион. Гројтер Фирт и Арминија Билефелд испаднаа во Цвајта, а опстанок во лигата обезбеди Штутгарт со гол во последните секунди од мечот со Келн кога Ватару Ендо донесе експлозија од радост и победа од 2:1.

Садио Мане човечка громада

Ливерпул го совлада Челси на пенали во финалето на англискиот ФА Куп и на тој начин Јирген Клоп им го донесе на навивачите трофејот кој го сонуваа цели 17 години. Ливерпул освојува пехари како на лента, навивачите не знаат што попрво да прослават.

Арсенал веќе 8 години не може да заврши 4-ти и да оди во Лига на шампиони

Дефинитивно најлузерски менталитет во англиската Премиер лига имаат „топџиите“ кои речиси никогаш кога е најпотребно не знаат да ги израдуваат своите навивачи.

Дибала не можеше да се соземе од плачење на последниот меч на Алијанц

Ноќ за збогувања на последниот меч на Јувентус сезонава на домашен терен против Лацио 2:2. После Џорџо Кјелини, со навивачите се поздрави уште едно големo име, а тоа е Аргентинецот Пауло Дибала кој многу емотивно реагираше на крај.

Цел стадион му свиреше на Балотели, па ги замолчи на мајсторски начин

11 пласираниот Галатасарај и деветто пласираната Адана Демирпоср, одиграа меч без некое посебно резултатско значење со оглед на нивната позиција на табела во претпоследното коло. Домаќините славеа 3:2, а Супер Марио се наслади фино од слободен удар.

Синоним за капитен - крај на ера долга 17 години, Џорџо Кјелини испратен со најголеми овации

Великанот Џорџо Кјелини, жива клупска легенда на Јувентус и Италија, се збогуваше од својот домашен стадион пред илјадници тифози кои непрекинато му го скандираа името.

Канада нема видено ваков дриблинг во историја

Ако барате да го видите голот на колото, прескокнете го европскиот фудбал. Авторот на ремек делото број 1 за овој викенд е Шон Реа, роден 2002-ра, кој игра за Валор. Екстра бонус на платата се добива за ваква велемајсторија.

Како изгледа навивачка поддршка во Германија во четврта лига?

Се сеќавате на Енерги Котбус од билтен така? Пред 15 години беа дел од Бундеслигата. Сега се четвртолигаши на што не би поверувале ако видите како би бодрат. 7.600 гледачи во четврта лига, ние 1.000 не можеше да собереме во прва.

Ибра го пукна стаклото на клупскиот автобус

Навивачите на Милан се во еуфорија како никогаш до сега во последните 11 години колку што ја чекаат титулата. Ама и Златан изгледа е бајаги возбуден, па ја суреди шофершајбната од што го понесе атмосферата од пречекот пред средбата со Аталанта.

Инстаграмот на Рики грми со тамбураши за титулата

Беше главен во хотелската забава после историскиот пласман на Македонија на ЕП, која имавме привилегија да ја гледаме во живо кај него на Инстаграм. Овој пат ни пренесува секвенци од прославата за шампионската титула со Динамо Загреб. Плус и клубот објави јако видео со живата музика. Двајца играчи се качија на кола.

Шампионско славје на Динамо и јубилеен 20-ти трофеј за херојот Адеми кој е потрофеен од Хајдук

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми ја добија една од најтешките и најнеизвесни битки во последните години во хрватскиот шампионат. Никој како Адеми во историјата на Динамо Загреб.

Тео Хернандез направи слалом за паметење од гол до гол

По долга 9 месечна голема неизвесна битка, Милан е на само една рунда до Скудетото. Во претпоследното коло ја мина непријатната пречка наречена Аталанта, а извонредниот Тео постигна гол кој со години ќе се раскажува во Серија А.