Фудбал

Михајловиќ постхумно одликуван со орден од Вучиќ

Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ е одликуван со орден на свечена церемонија на денот на независноста на Србија.

А царот што ги собрал сите двојници на Меси, Ибрахимовиќ, Салах и други

Профилот 433 посветен на фудбалските настани, решил да ги собере сите ликови кои ептен многу личат на познатите фудбалски ѕвезди. Од разни страни во светот ги донел на едно место.

Како изгледаат листите со ваучерите од АМС за 2023?

Петта година по ред Агенцијата за млади и спорт им дели финансиска помош на македонските федерации, клубови и индивидуални спортисти. Ама стално има некои нејаснотии околу доделувањето. На пример врз кој критериум ќе земе пари Ренова која лани се повлече од прва лига?

Клуб Бриж со крајно интересна најава на мечот со Бенфика

Откако ПСЖ - Баерн (0:1) и Милан - Тотенхем (1:0) го отворија осминафиналето на Лига на шампиони, вечерва во истата фаза ќе продолжат Клуб Бриж - Бенфика и Борусија Дортмунд - Челси. Белгијците снимиле прејака најава за дуелот меѓу „фармерите“ од Бриж и „орлите“ од Лисабон.

Рамос се однесуваше како битанга со фоторепортерите

Фрустриран од поразот од Баерн Минхен среде Париз, стоперот Серхио Рамос после мечот пред трибината каде стојат најверните навивачи на ПСЖ, насилно туркаше репортери кои само си ја вршеа работата за која се тука.

16-годишно дете играше за ПСЖ со Баерн и стана најмлад во историја на ЛШ

На мега дербито ПСЖ - Баерн Минхен во 1/8 финале од Лига на шампиони од старт за Парижаните заигра 16-годишниот Ворен Заир-Емери и официјално стана најмлад во нокаут фаза на Лига на шампиони со 16 години и 343 дена.

Рекорден ќар од карти за Милан и Италија

По пауза од 9 години, Милан се радува на кам бек со победа во нокаут фаза во ЛШ, со која остварија на чизмата до сега невидени бројки во пари.

Видовте ли што им направи младото бекче на Гнабри и Горецка?

ПСЖ годинава не е за фалење. Веќе претрпе 5 порази, а цела 2022-ра ја заврши со вкупно 4. Од Баерн имаа и помалку посед на топка и помалку шанси. Најдобрата ја пропушти Меси после извонредниот дриблинг и додавање на 20 годишниот Нуно Мендес, кој понижи двајца.

Прв триумф на Милан во нокаут фаза после 9 години, Баерн го освои Париз

Во прекрасна вечер во осминафинале од Лига на шампиони, на „Сан Сиро“ Милан го совлада Тотенхем и покажа дека излегол од длабоката криза, а Спарс по дебаклот од Лестер претрпеа уште еден пораз. Во Париз, Баерн со идентичен резултат како во финалето на ЛШ 2020 го совладаа ПСЖ. Ист беше и стрелецот.

Мамиќ во Скопје кога дојде беше жива атракција

Шерифот од Максимир, на Градски беше за мечот Вардар - Динамо Загреб. На полувреме од средбата не го оставија да дише.

Се начекале руски и украински фудбалери во ист хотел во Турција

Скоро сите европски екипи зимските подготовки ги поминуваат во прекрасните Анталија и Аланија на турското крајбрежје. Таму деновиве се нашле и рускиот клуб Шиник од Јарослав и украинскиот Минај од Узгород (Закарпатска област). Прво не сакале да се сретнат едни со други, но поради зафатеноста на хотелите во Анталија поради неодамнешните земјотреси во Турција, немало друг избор.

Пандев: Делио Роси ми рече да се откажам од репрезентација бидејќи секогаш бевме петти, но за мене таа e светост

„Искрено, да се вратам 10 или 15 години наназад, не би инвестирал во првиот тим, туку само во помладите категории. Првата лига е црнило и катастрофа. Немате помош од Федерацијата, никаков маркетинг, цените на играчите се смешни. Федерацијата потпишува договор за ТВ права, а клубовите не добиваат ништо. Ама ќе се бориме и ќе ги чекаме вистинските луѓе“.

Фудбалер од Гана со хит од Шабан Шаулиќ

Дваесет и осум годишниот фудбалер Обенг Реган кој доаѓа од Гана и кој во кариерата повеќе од 10 години игра во Хрватска (Интер Запрешиќ, Истра) и Србија (Напредок Крушевац, Чукарички, Младост Лучани, Панчево и сега Нови Сад), направил шоу на промоција во новиот клуб РФК Нови Сад. Како што е редот во секој клуб на светот, нов фудбалер на запознавање пее некоја песна пред соиграчите.

А гол на годината може ли да биде од тренинг?

Навивачите на Бенфика, а и други, не можат да го изнагледаат голот на стоперот Николас Отаменди, на тренинг пред меч од 1/8 финале во Лига на шампиони меѓу Клуб Бриж и Бенфика.

Падна и официјално најбрзиот гол во историјата во Италија

На меч меѓу Маѕарезе и Ниса во рамки на сицилијанската регионална лига, Џоакино Џардина го постигна најбрзиот гол во историјата на италијанскиот фудбал и ќе влезе во Гинисова книга на рекорди. Од самиот центар на игралиштето, Џардиано постигнал гол за 3,81 секунди.

Лаутаро Мартинез во 95-та, несмасен и неспретен

Иако има уште 16 кола до крај, сепак не е нереално да се каже дека Скудетото му се насмевнува на Елиф Елмас. Интер одигра само 0:0 против претпоследнопласираната Сампдорија и сега разликата со Наполи изнесува 15 бода. Напаѓач кој игра за светскиот првак, оваа топка треба да ја забие во гол. Тој ја промаши, падна и направи фаул во напад.

Пикфорд и Робертсон во дуел ни ваму ни таму

За време на големото градско дерби во Ливерпул, црвените славеа со 2-0 против Евертон (Салах и Гакпо) и конечно влегоа во посакуван ритам. Во еден момент од дербито Робертсон се залета после судиска свирка, па Пикфорд нему му се залета, ама и двајцата беа со насмевки па не се знаеше колку се сериозни.

А ќе речеш во Премиер лига не глумат

Тешко клише е муабетот дека само Жабарите се тегнат по терени. Да фатиме да направиме топ листа само од тоа што ние сме објавиле, ќе ни искочат едно 300 пацери од 30 лиги. Џонџо Шелви од Нотингем Форест го пратија на шиење после мечот со Фулам. Топката му ја дупна главата.

Хулк пак одлепи со левицата

Не помина една недела откако испука две бомби, 36 годишниот ветеран, познат по тоа што има катапулт во ногата, распали против Крузеиро и му донесе бод на Атлетико Минеиро. Од ваква позиција другите обично нафрлуваат.

Најлудиот јавен настап во кариерата на Мамиќ

Католилични Божиќ 2010-та. Здравко Мамиќ пуштен на најјако. Бара од новинарите да го растурат со прашања, ама како да фали новинарска храброст. Еден се обиде, ама Мамињо полуде и го изгуби компасот.

Сакате уште еден гол од пола терен?

Херман Кано е 36-годишен Аргентинец кој игра во Бразил, за Флуминенсе. Минатата сезона бил убедливо најдобар стрелец и ја добил „златната копачка“ со 26 гола. Сега на мечот против Васко да Гама дал два погодоци. Првиот во 69-та минута, а вториот во 90+6’ минута од судиското продолжение кога со еврогол ги поставил конечните 2-0.

Мамиќ и официјално свирна крај во Динамо Загреб и фудбалот

Човекот кој направи балкански гигант, мајстор за трансфери, дрзок и безобразен со новинари, многу вешт, харизманичен, арогантен, авторитет број 1 во хрватскиот фудбал со статус на бегалец веќе пет години во БиХ, се одјави од фудбалот.

Рекордер: Савиќ од Атлетико доби трет црвен картон на пет меча

Атлетико Мадрид игра топло-ладно цела сезона. Во неделата со 0-1 на гости ја победија Селта во Виго со првиот гол на новајлијата Мемфис Депај и му се приближија на четири бода на третопласираниот Реал Сосиедад. Но друг ни е муабетот.

Докторат за одбрана

Транмере - Салфорд Сити во англиска четврта лига. Топката од гол линија во последен момент ја спасуваат бекот Итан Бристоу и стоперот Том Дејвис.