Фудбал

Лудата група Ф во Лига Европа: Сите завршија со по 8 бода, две одат понатаму

Сите четири тима од групата Ф во Лига Европа конкурираа за пласман во нокаут фазата. Пред последното коло Лацио и Штурм беа лидери со по 8 бода а Феенорд и дански Мидтјиланд имаа по 5 бода но на крај ги стигнаа со победи.

Браво бе дете, една е мајка

Фенербахче максимално, без пораз со 4 победи и 2 ремија ја пројде групата Б во Лига Европа. Во последното коло турскиот тим со 0-2 го победи Динамо Киев, а стрелец на првиот гол беше младиот бисер, 17-годишниот Арда Ѓулер кој под дресот носел маичка со натпис „Мила мамо, многу те сакам“

Дете на Манчестер го праша својот идол Роналдо дали може да му ја искористи прославата за гол

Манчестер Јунајтед го совлада Реал Сосиедад на гости, со деби гол на клинец кој е 19 години помлад од тој што му асистираше, а тоа е Кристијано Роналдо.

Најјакиот гол во кариерата на Пике

Како стопер на Барса, Пике има постигнато 52 гола, ама има еден посебен кога во стилот на Меси му крши кичма на Кордоба, а го легнува и Цезар. Се работи за полуфинале во ЛШ против Интер, сезоната 2009/2010.

Емотивното видео со кое Пике се простува од Барселона и фудбалот

Во сред сезона, сосема неочекувано, Жерар Пике соопштува дека викендов против Алмерија ќе го игра последниот меч на Камп Ноу и воопшто во кариерата. Се работи за продукт на Ла Масија, кој ќе влезе во книгата на легендите на Барселона со која освои сè што можеше, а стана и светски и европски првак со Шпанија. Се повлекува на 35 години, критикуван за игрите во последно време, но горд, со исполнет сон уште од дете, а тоа е Барса.

Го видовте ли приемот на тренерот на Келн?

Фудбалерите на Келн одиграа 2:2 против Ница, а требаше да ја победат за да одат понатаму во Конференциската лига. Нервозниот Штефен Баумгарт им покажа на играчите како се прима и шутира.

Пандев го објаснува херојскиот гол со кој го исфрли Баерн од нокаут фаза во ЛШ

Во недела во која Интер игра со Баерн во ЛШ, за интервју се бара Горан Пандев кој со неодбранлив удар ја замолчи Алијанц арената.

Приказната со чуден развој меѓу тренерот и просечниот клуб од кого направи голем шампион

Може да се спори: да, Атлетико Мадрид игра деструктивен, тежок, напорен фудбал, Атлетико игра монотоно и досадно, има слаба сезона, но едно е сигурно: До Симеоне Атлетико во XXI век беше просечен клуб во Шпанија со по некој блед излет во еврокупови. Со него станаа стабилен ТОП3 клуб од Ла Лига кој е многу успешен во еврокуповите.

Ибра му се сипа на познат италијански новинар

Милан со 4-0 го растури РБ Салцбург и за првпат после долги години се пласираше во 1/8 финале на Лига на шампиони, турнирот кој росонерите го освоија 7 пати во историјата. Тоа ќе биде добра прилика и за Златан Ибрахимовиќ во 2023-та да проба да им помогне на соиграчите. 

Мундијалски кам бек на Златко Калински во ново руво

Поетот од коментаторското столче кој 42 години царуваше во спортскиот етер и во стил на шаховски мајстор ја водеше публиката во преку 2.100 преноси во разни спортови, реши да ни го направи Светското уште поинтересно.

Како Бенфика му го лапна првото место на ПСЖ и што значи тоа за ждрепката?

Додека Милан - Салцбург и Шахтјор - Лајпциг водеа битки за осминафинале, во навидум решената група Х, сепак не беше сè решено. Ѕвездите на ПСЖ со 14 бодови и без пораз, во 92-ра минута паднаа втори на табела.

Се поместуваат ли возрасните граници: 16-годишни деца играа и даваа голови во Лига на шампиони

Во Лига на шампиони неделава се играше одличен фудбал со убави голови. Во отсуство на Ерлинг Халанд голови за победа на Сити дадоа Алварез, Марез но и едно ново дете на Пеп Гвардиола кое се прослави на вториот меч во Лига на шампиони. И за Баерн и Копенхаген играа млади деца.

Снимка од неверојатниот говор на Меси пред финале на Копа Америка

Некои соиграчи на Лео од репрезентација тврдат дека никогаш не го виделе толку посветен пред некој натпревар. Меси со Аргентина претходно освои Олимписко злато но ништо не можело да ја опише неговата желба да крене некој голем трофеј како капитен на „гаучосите“. И така во 2021-ва стигнаа до големо финале на Копа Америка и тоа против страшниот Бразил среде Бразил.

Најлудата прослава на гол видена во Лига на шампиони

Лајпциг по попари Шахтјор со 0:4 и му врати за поразот дома од 1:4. Што ли му беше поентата на стрелецот на првиот гол Кристофер Нкунку? Даде гол, извади балон од некаде и го надува. Немало до сега вакво нешто во ЛШ.

Подвигот на Мбапе кој ја шашардиса одбраната на Јуве

ПСЖ го совлада Јувентус и по втор пат во групата Х и го остави на ужасен скор од еден триумф и пет порази. На Килијан Мбапе му треба само малку за да ја понижи цела одбрана на Старата дама. Федерико Гати со број 15 беше очаен и не успеа ниту со раце да го задржи.

Жиру го носи Милан во 1/8 финале, вечер на гол-гол во Лига на шампиони

На шест од вкупно осум дуели во Лига на шампиони вечерва и домашните и гостите дадоа по најмалку гол. Ефикасна вечер. Милан убедливо со 4-0 го совлада РБ Салцбург и оди во нокаут фаза. Ристовски и Адеми солидни на „Стемфорд Бриџ“ против Челси.

Првата жена судијка во Лига на шампиони досуди 3 пенали за половина час

Реал Мадрид уверливо со 5:1 го растури шкотски Селтик и како лидер во групата оди во следна фаза на Лига на шампиони. Интересно, на овој меч во Мадрид имаше дури три досудени пенали за половина час.

Рудигер е најјак комичар на тренинг во Реал

Стоперот кој игра за Германија а има африкански корени, фантастично добро се вклопи во Реал Мадрид по настапите во Рома, Штутгарт, Челси. Антонио Рудигер е одлично прифатен уште од прв ден меѓу „кралевите“ а после некое време станал и главен забавувач на тренинзите.

Откачена атмосфера во соблекувална со Хари и другарите

По Челси, Манчестер Сити и Ливерпул, на премиерлигашите во нокаут фазата од ЛШ им се придружија и фудбалерите на Тотенхем. И тоа на тежок и драматичен начин, со пресврт на Велодром, каде на полувреме имаа резултат за елиминација.

20 епизоди сезонава во кои Лео покажа дека и на 35 години е број 1

Аргентинскиот ас игра сјајна сезона во ПСЖ и е најзаслужен што Парижаните се единствени во Топ5 лигите што уште не се поразени на ниеден фронт од почеток на сезоната. Вечерва гостуваат кај ослабениот Јувентус да го потврдат првото место во групата. 

ФИФА го пушти првото официјално видео за СП Катар 2022

Дечки ситно броиме готово. Дојде и тоа чудо. Светско во Катар. Стартува за 18 дена со домаќинот кој отвора против Еквадор на 20 ноември во 19:00. Веќе следниот ден ладете пиво за три утакмици. Бранител на титулата Франција. Италија ќе го гледа од дома поради Александар Трајковски. Одиме со интро.

Конте излуде од среќа горе на трибините

На култниот „Велодром“ во Марсеј, Тотенхем после неверојатен пресврт со гол во 90+5’ минута го совлада Олимпик и како прв во групата се пласираше во осминафинале. На домаќините бод им требаше за да продолжат во Лига Европа ама на крај го изгубија и него. Антонио вриштеше на трибини каде беше поради црвениот картон од претходно коло.

Кога ја гледаш на стадион и тврдиш дека ти ја титнала на Резултати дека е гол, а корнерот уште неизведен

Доста јак муабет е ова и секако на место, ама ако имаш здрвено повеќе пива пред натпревар. Но ајде да го видиме крајот.