Фудбал

Експлозија на Роналдо со 4 гола за 40 минути

Човекот кој за 2,5 години ќе заработи енормни 500 милиони евра и кој беше критикуван дека го нема никаде, на неговиот трет настап во Саудиска Арабија одговори безобразно со 4 комада. Ал Наср - Ал Вехда конечни 4:0. Роналдо стрелаше во 21, 40, 53 и 61 минута. Сега има вкупно 5 првенствени гола и стигна до голем јубилеј од 500 лигашки голови во кариерата.

Како изгледаше прес на Ќиро после победа од 7:0?

Во 2008-ма легендарниот Мирослав Блажевиќ како селектор на БиХ, на квалификациски меч за СП ја победува Естонија 7:0, најголемата победа во историјата на оваа земја. Кај нас било кој да е селектор, би изјавил: Па добро, мислам дека заслужено победивме, ги надигравме во сите сегменти. Ама Ќиро е Ќиро.

Ѕаниоло ќе го носи бројот 17 во чест на 17 годишен навивач на Галатасарај кој загина во земјотресот

Мухамед Емин Озкан е голем навивач на Галатасарај. На Твитер профилната слика му е од Икарди, а каверот од Фатих Терим. Таман направи видео за големото засилување од Рома и не го дочека.

Емре Џан даде гол од пола терен, како да е тоа најлесна работа

Емре Џан и Марко Ројс ја однесоа Борусија Дортмунд во четвртфиналето од германскиот Куп која славеше над Бохум со 2:1. Резултатот го отвори Емре со несекојдневен погодок од центар, откако голманот имаше несмасен дегажман.

Чичо кога брани, брани, не се зафркава

Салваторе Настази има 58 години и е најголем хит во италијанскиот нисколигашки фудбал. На 24-ти март Настази ќе полни 59 години. Брани за нисколигашот Торегрота (Прва категорија на Сицилија). На мечот со Чита ди Галати кој завршил 2-2, чичко Салвато бранел како Буфон во најдобри денови.

Турчинот Демирал ги става на аукција највредните дресови, за хуманитарна помош

Одличниот турски стопер и репрезентативец на Турција, Мерих Демирел одамна игра во Италија. Прво беше стандарден член на Јувентус, а сега веќе неколку сезони го носи дресот на Аталанта од Бергамо. Потресен и погоден од земјотресите во Турција, тој решил да помогне како и многу негови колеги.

Какви две бомби на Хулк од слободен, голманот немаше шанса

Триесет и шест годишниот Хулк постигна два прекрасни гола на мечот меѓу неговиот Атлетико Минеиро и Демократ од државното првенство Минеиро. Хулк испрати две разорни бомби од преку 30 метри далечина. На крај неговиот Атлетико славеше 3-1, а за шпицот ова е веќе петти гол на три меча сезонава.

Алиоски купуваше облека за настраданите во Турција

Македонскиот репрезентативец е дел од голема хуманитарната акција на Фенербахче за семејствата погодени од силниот земјотрес кој одзеде преку 12.000 животи.

Голчиштето на Малиновски и пимплањето на ПСЖ во 95-та како да не бркаа гол

Фудбалерот на Аталанта, Руслан Малиновски кој од минатиот месец игра на позајмица во Марсеј ја опали неодбранливо со лева со што го елиминираше ПСЖ во Купот. Изненадува односот на Парижаните кои на 15 секунди до крај го тупеа пред шеснаесетник.

Од Нејмар што можеш друго да очекуваш?

ПСЖ се соочи со елиминација во осминафиналето од Купот на Франција откако загуби 2:1 од Марсеј. Нејмар не се менува. Лежеше на тревата на Велодром и се виткаше сè додека неговите не ја освоија топката. Потоа како ништо да не било.

Холандска фудбалерка се освежува со сок од кисели краставички

Несекојдневна глетка ни доаѓа од Холандија каде на женски фудбал една фудбалерка од стручниот штаб добива тегла со кисели краставички и пие од расолот.

А за победата над Фламенго, шеикот ќе ги злати со по 250.000 долари

Во полуфиналето на Светското клупско првенство кое има голема важност за ФИФА, клубот Ал Хилал од Саудиска Арабија направи првокласно чудо откако со 3:2 го победи шампионот на Бразил, Фламенго. Сега ги чека Реал Мадрид во финале.

Еден од појаките тренинзи во кариерата на Ќиро

Тренерот на сите тренери, како го викаа со децении регионалните медиуми, Мирослав Ќиро Блажевиќ почина во Загреб на 88-годишна возраст после долго боледување. Ќиро во кариерата водеше еден куп клубови и репрезентации, а секој негов тренинг бил приказна за себе.

Почина легендарниот Ќиро Блажевиќ

После долго боледување, на 88 години во Загреб починал тренерот на сите тренери, легендарниот освојувач на бронзен медал на Светско првенство 1998-ма година, Мирослав Ќиро Блажевиќ.

Скандалозно видео на јавниот обвинител: Голем навивач сум на Наполи, го мразам Јувентус

Само две недели откако во Серија А пукна голем скандал со финансиски малверзации во кој првообвинет е Јувентус, човекот кој има задача да ги докаже измамите на бјанконерите, на јавен настап изјавува дека ги мрази.

Гвардиола ифрит лут на прашањето дали земал пари под рака во Сити

Манчестер Сити ќе има многу за објаснување откако Премиер лигата вчера го обвини за 100 прекршувања на финансискиот фер плеј. Под лупа се начините на кои биле наградувани играчите, како и Манчини како тренер. Пеп не е воопшто ќеифлија кога ќе добие прашање надвор од фудбалската игра.

Лист, камен, ножички - кој да изведе слободен удар

Во 25. коло од шкотската Премиер лига, во неделата Селтик на гости со 1-4 го победи Сент Џонсон и ја задржи челната позиција на табелата со дури 9 бода пред најголемиот ривал Ренџерс. На овој меч кога домаќинот добил убава шанса од слободен удар, Грем Кари и Ками Макферсон играле лист-камен-ножички кој да шутира.

Милина на денот

После натпреварот од 2. коло во аргентинската Примера дивизион меѓу Бока Хуниорс и Сентрал Кордоба, заменикот капитен на трофејниот клуб од Буенос Аирес, Гиљермо Матиас Фернандез дошол до трибините и му го подарил дресот на еден гледач со Даунов синдром. Младиот навивач бил пресреќен.

Снимка од местото каде бил пронајден Атсу, се слушале уште гласови

Како што пишува турскиот Ајанаспор, Кристијан Атсу е изваден од под рушевините од каде се слушале и гласови на многу други луѓе меѓу кои и на извесен ракометар Џемал Кутајали и Танер Савут, спортскиот директор на Хатајспор чиј член е и Ганецот Атсу.

Спасен фудбалерот кој бил заглавен под урнатини од земјотресот

Во разорниот земјотрес во Турција и Сирија животот го загубиле неколку илјади луѓе а повредени се илјадници. Една од првите вести кои стигнаа е дека еден фудбалер кој порано беше член на Челси, Њукасл и Порто, се наоѓа под рушевините. Синоќа се појави информација дека Кристијан Атсу, играчот на клубот Хатаиспор бил пронајден и спасен жив. Имал повреда на десната нога и отежнато дишење.

Волкан Демирел: Ве молам праќајте ги сите ресурси, луѓе умираат

Легендарниот голман на Фенербахче и селекцијата на Турција, кој сега е тренер на Хатајспор, моли за помош и преку видео порака објаснува дека ситуацијата по земјотресот е многу лоша. Демирел се наоѓа во градот Хатај кај границата со Сирија, односно во близина на епицентарот.

Македонски фудбалер добил слободни денови и ги избегнал страшните земјотреси во Турција

Во два разорни земјотреси во реонот близу турско-сириската граница загинале повеќе од 1.700 лица, а има и илјадници повредени. Во рушевините се наоѓа и поранешен фудбалер на Челси, Порто и Њукасл, репрезентативецот на Гана Кристијан Атсу по кого уште траела потрагата.