Колку пари потроши Берлускони во фудбалот?

Првиот трансфер го направил кога му го земал пред нос на Јуве, Роберто Донадони за 10 милијарди лири, а првата инјекција во Милан изнесувала 100 милијарди лири. Никогаш не штедел, ни во Милан, ни во Монца.

Силвио Берлускони важеше за еден од најголемите покровители на италијанскиот фудбал, протагонист на златната ера во Серија А, онаа убавата, носталгичната.

Серија А на „капитените“ во индустријата кои беа подготвени да направат сè за да им се препуштат на своите страсти и интереси.

Берлускони никогаш не штедеше. Милан го водеше од 1986-та до 2017-та, а Монца од 2018-та до 2023-та. Вкупно преку Финивест холдинг во двата клуба инвестирал околу 1,1 милијарда евра. 

Од нив 952 милиони во Милан. Првиот потег воопшто не бил неочекуван, кога го претркал Ањели и од Аталанта го купил Роберто Донадони за 10 милијарди лири (5 милиони евра).

ПОЧЕТОЦИТЕ ВО МИЛАН

Ерата во Милан ја стартувал во февруари 1986-та, кога го купил клубот од Фарина за 26 милијарди лири (13 милиони евра), кој во тоа време бил пред банкрот.

Финансиската сезона во бројки за сезоната 1985/1986 им изнесувала: 24,5 милијарди лири приходи, 50,8 милијарди трошоци и 16 милијарди лири загуба.

Во 1992 година, неговата вечна десна рака, Адриано Галиани ќе рече:

„Кога Финивест реши да инвестира, Милан беше главниот лик во судницата и имаше две испаѓања зад себе. Сега тоа е компанија способна да освои нешто петта година по ред. Берлускони се движеше со критериуми на чисто претприемништво. И како претприемач инвестира четири години дозволувајќи и на компанијата да застане на нозе“.

Почнал да ги прави и првите трансфер потези, како и капиталните инјекции. Во првите четири години вложил 100 милијарди лири (50 милиони евра), огромна сума на пари за тоа време со која направил револуција во клубот.

Во 1990/1991 пристигнал и првиот буџетски профит од 3,2 милијарди лири.

30 ГОДИНИ: 29 ТРОФЕИ ОД КОИ 13 МЕЃУНАРОДНИ

Во триесетте години во кои Берлускони ги смени правилата во бизнисот, фудбалот и забавата, освојуваќи сè, Милан вложил неверојатни напори да ги усогласи спортските резултати со економските.

Од бизнис гледна точка пораснал многу. Во 1993/1994 приходите за прв пат достигнале 77 милиони евра, 10 години подоцна надминале 200 милиони евра, сè до 262 милиони евра во сезоната 2012/2013, врвот во ерата на Берлускони. Но потоа трошоците пораснале.

Тој сакаше да прави и колекција на ѕвезди, па така на пример летото 2001 ги купи Руи Коста за околу 40 милиони евра, Инѕаги за 35 милиони и Пирло за 17.

Само три пати во 31 година, Милан на Берлускони забележал профит. Во 1990/1991, потоа во 1999/2000 и во 2006-та поради продажбата на Шевченко, главна капитална добивка од 42 милиони евра.

МОНЦА, ИДЕНИ И ВИЗИИ

Откако буџетските загуби станаа неодржливи, а фудбалот глобализиран со привлекување меѓународен капитал, Берлускони бил принуден да се откаже.

Во последните 3 и пол години во неговата авантура во Милан, морал да се справи со дефицит од 288 милиони евра.

Така во април 2017-та беше комплетирана продажбата на Милан на непознатиот Кинез Ли Јонгхонг, после долги, исцрпувачки, па и мистериозни преговори.

Финивест ја напушти сцената после инвестирање од 952 милиони евра.

Продажбата беше фиксирана на 520 милиони евра плус 220 милиони за долгови за вкупна предност од 740 милиони евра.

Година и пол подоцна, италијанскиот тајкун му се врати на фудбалот и во септември 2018-ма ја презеде Монца за 2,9 милиони евра.

И во оваа втора авантура покажа длабок џеб и со помасовни инјекции го искачи клубот од Серија Ц до Серија Б, потоа до историска промоција во Серија А, па сè до пласман на 11-та позиција во најсилната конкуренција.

Со инвестирање од 170 милиони евра во Монца, неговиот вкупен трошок во фудбалот достигна вкупни 1,1 милијарда евра. Даде толку многу пари, идеи, визија, трофеи и слава.

30 јуни 2023 - 14:50