Меси претставен во Мајами, полн стадион дојден за него на дожд

Интер Мајами за кратко време го прошири капацитетот на својот стадион кој собира 18.000 гледачи и се спреми за промоцијата на Лионел Меси и Серхио Бускетс, двајцата добри другари уште од Барселона. На Флорида врнело дожд вечерта но тоа не ги спречило илјадниците навивачи да дојдат да го поздрават големиот Лео.

„Среќен сум што го избрав градов за да дојдам во него со мојата фамилија, но и што го избрав овој проект и сигурен сум дека многу ќе уживаме заедно.

Едвај чекам да почнам со тренинзи и да се подготвиме за победи, ја чувствувам истата желба за победи како секогаш, како и желбата да му помогнам на Интер Мајами да се напредува“, – рекол Аргентинецот на промоцијата.

17 јули 2023 - 09:30