Дедо Јирген Клоп

Германскиот тренер по враќање од одмор, за клупскиот тв канал на Ливерпул раскажал дека станал дедо и дека тоа е најсреќна вест за него во последните 30 години. Неговиот посинок Денис станал татко.

„Благослов е да се помине четири недели со новороденчето и да се гледа како расте и сите тие работи. Јас и онака личев на дедо, сега сум прав дедо. Се е добро, мајката е добро, бебето е добро, таткото е добро. Одамна не сум бил во таа улога да бидам искрен, но можам да кажам дека е како возење велосипед, не се заборава. Прекрасно е. Најубава работа што ми се случила во последните 30 години“.

Инаку Денис е син на неговата жена Ули Сандрок од првиот брак. Јирген се запознал со неа во Германија во 2005-та кога работела на Октоберфест. После само неколку дена видување, се земале а Јирген го прифатил Денис како свој син. 

14 јули 2023 - 11:15