Фудбал

Легендарниот чичко Дончо се појави на тренингот на Македонија

Како прв селектор, Андон Дончевски ги удри темелите на репрезентацијата во Крањ со оние 1:4 против Словенија и ја водеше Македонија на 17 натпревари во периодот 1993-1995. На 87 години дојде да ги испочитува момците на Милевски, а инаку живее во Австралија. Капитенот Ристовски му подари дрес.

Невидени лудории на голманот на дански Брондби

Каков луд финиш имал мечот меѓу лидерот во данското првенство Нордсјеланд и трофејниот Брондби. Гостите први повеле 0-1, а домаќините израмниле во 52’ минута. Во 88-ма Нордсјеланд добива пенал а гостинскиот голман Мадс Хермансен прави невидена серија од три одбрани по ред за тотално лудило меѓу нивните навивачи позади голот. За негова жал, одбраната попушти само една минута подоцна кога Нуамах со својот втор гол му донесе победа од 2-1 на домаќинот.

Пред две години ја напишав најголемата глупост во мојот живот за Адеми

Во екот на допинг аферата, Динамо направи одличен гест кога не му го сврте грбот, туку напротив се извлече од целата борба. Кога му беше најтешко Динамо не го напушти. Кога им беше најтешко на Динамо, ги водеше Адеми.

15 милиони му е плата, а се вози со Рајанер

По ремито 3:3 против последнопласираниот Саутемптон, Антонио Конте одржа долга прес конференција со критики дека клубот 20 години не може да освои трофеј, бидејќи играчите се себични и не се навикнати да играат под притисок и да се борат за титули. Англиските медиуми пишуваат дека во Тотенхем размислуваат да ја прекинат соработката и веќе бараат нов тренер.

Излегол Меси со фамилија да вечера во Буенос Аирес

Светскиот шампион Аргентина се собра за првпат по историската титула на Мундијалот во Катар 2022. Гаучосите ги чекаат пријателски средби со Панама и Курасао, а на првиот тренинг излегле во маици и дресови со три ѕвездички кои значат три титули. Меси од Париз дошол и излегол во Буенос Аирес во еден познат ресторан ама кога дознал народ дека тука е нивниот идол, морала полиција да реагира за да растера гужва.

Во Кратово со џип влетуваат на терен, ти со скутер се фалиш

Холанѓаниве треба уште да учат како се однесува прав шериф на терен. Се јачаат со скутер на аматерски натпревар, ама изгледа немаат слушнато за Силекс и Ѕинго.

Нема што да нè снима камера на клупа, дајте селотејпот

И со камерите се претера. Ги има на секој агол на терен, па дури и на клупата за резерви за време на Ел Класико. На играчите не им беше по ќеиф и се обидуваа да ја покријат. На крај и го најдоа чарето.

Ги видовте ли чудните епизоди на дербито во Леверкузен каде Чаби го скроти Баерн?

Во германската Бундеслига се игра неизвесна сезона каква што одамна немало. Ако Баерн Минхен низ годините се шеташе како на екскурзија по германските стадиони и удираше фудбалски ќотек секому, овојпат за титулата се борат рамноправно и други клубови.

Пандев: Во ФФМ сè е за лични интереси, маркетингот е ужас, на ЕП отидовме со стари дресови 10 години

„Јас плачев за Македонија, а гледав што сè се случува. Гледаш менаџери работат, нешто што никогаш не можев да прифатам, дека мора некој да игра за да биде продаден. Како може тоа да го гарантираш. Десет пати зборував со претседателот, да играат најдобрите, ама сè беше хаос“.

По спектаклот на Максимир, Адеми и Рики пристигнаа во Скопје

Само еден ден откако Стефан Ристовски со гол ја решија Ријека, а Аријан Адеми се поздрави со навивачите на Динамо Загреб пред трансферот во Кина, и двајцата македонски репрезентативци се во строј за мечот со Малта в четврток. Ги пречекаа Сејдини и Милевски.

Како изгледа совршен лоб удар

Во 30. коло од белгиската Про лига, Стандард Лиеж имал 2-0 против Ѕулте Варегем, но гостите на крај израмниле 2:2 и освоиле важен бод во борбата за опстанок. Првиот гол за тимот од Варегем го дал 21-годишниот Алиу Фадера во 76’ минута. Погледнете го.

Наслов на денот кој покажува колку им значи Адеми во Динамо Загреб

„Во последните години навивачите на Динамо цртаа графити само на двајца играчи. Аријан Адеми и Мислав Оршиќ. Заслужено. Адеми можеби никогаш не бил најдобар, но долго време е најважниот играч на Динамо“, пишува 24sata.hr со наслов што го немало за Тоти во Рим, ниту за Малдини во Милано.

Гестот со тетоважите на Ибра кој знае да покаже голема човечност

Многумина го сметаат за арогантен и препотентен, но тој знае многу пријатно да изненади. Соблекувањето на дресот и прославата со раширени раце, не е тоа што мислите.

САД долго не видел таков талент, скоро ќе го бараат гиганти од Европа

Тиаго Алмада е Аргентинец. Има 21 година а веќе е најголема ѕвезда во американската МЛС лига од каде многу брзо сигурно ќе се пресели во Европа а ништо чудно да тргне и по патот на Парагваецот Алмирон кој од Атланта Јунајтед дојде во Њукасл и стана главен играч.

Дајте нова топка, оваа ја нема

На средбата Мадервил - Ренџерс во шкотската Премиер лига, домаќините имаа водство против големиот ривал од 2-1 но на крај гостите од Ајброкс славеа со 2:4 и ги однесоа бодовите во Глазгов. Во 12’ минута од дуелот, топката отишла во една конструкција под коментаторските седишта, па турскиот лев бек од Ренџер Ридван Јилмаз не можел да ја најде со децата задолжени за топки.

И Французите одбраа гол на викендот

На мечот од втората француска Лига 2, Мец на гости победи Кевији Руан 1-2. За домаќините во 81’ минута во игра влегува 22-годишниот Мамаду Камара и после само неколку минути претрчува 70 метри за да постигне најубав го на викендот во Франција.

Што се случи на Манчестер - Фулам за толкава врева да се крене

Во четвртфиналето на англискиот Куп на „Олд Трафорд“ Фулам во 50-та минута поведе преку Александар Митровиќ, но после дваесет минути на теренот се случи права драма во која гостите добија дури три црвени картони па Јунајтед направи пресврт во само две минути.

Во бразилска втора лига падна гол каков што Пеле нема дадено

Анселмо Рамон од второлигашот ЦРБ се истакна со страшна завршница искомбинирана од слободен, каква што ретко се случува во фудбалот. Бразилците се едногласни за Пушкаш наградата. Не може ова секој од косо.

Еден гол, три бода, илјада полемики

Изминатиов викенд беше празник на мега пресметки: ел класико, вечно римско дерби и дербито на Италија во кое Јувентус го урна домаќинот и фаворит Интер и сериозно се вмешува во трката за еврокупови по одземените бодови. Но Интеристи тврдат дека голот бил спорен и нерегуларен. Зошто?

Ромањоли го замолчи Мурињо поштено

По елиминацијата во Конференциска лига и во очи на римското дерби, Жозе Мурињо го закачна Лацио во негов стил. Ама дупло си го доби назад.

Рики ја реши Ријека и му го посвети голот на Адеми

Капитенот на Македонија Стефан Ристовски му донесе 3 бода на Динамо Загреб, а на голот се израдува во стилот на неговиот репрезентативен, а денеска за последен пат клупски колега. На иконата на Динамо мечот против Ријека му е последен. По 13 години на Максимир, заминува во Кина во Пекинг Гуан.

373 пати срце на терен, капитену фала ти за сè

Во Загреб денеска сè беше во знакот на Аријан Адеми. Максимир ѝ се поклони на клупската икона која заминува по 13 незаборавни години.

„Ако умрам ил загинам“ и „Јовано Јованке“ ечат во Барселона пред Ел Класико

Плус „Слушам кај шумат шумите“ и „Македонско девојче“. Сè знае чие масло е ова, на нашиот Наце Митев, Струмичанецот со сериозно голема километража низ Европа за Барселона, Пандев и Македонија во фудбал и ракомет.

Остај ти 40 метри или пола терен, голман во Чиле даде гол од 100 метри

Играат Кобрезал против Коло Коло во чилеанскиот шампионат. Едниот голман тргнува да дегажира и го начекува другиов излезен од својот шеснаесетник на прошетка. Нема да му текне друг пат.