Туку дали ја приметивте мајсторијата на Луис Алберто?

Во дербито на колото, Лацио го совлада Наполи на најтешкото гостување во Серија А среде Неапол со 1:2. Луис Алберто го отвори резултатот со прекрасен погодок. Наполи израмни после само две минути но првиот Јапонец во историјата на Лацијалите Даичи Камада во 52' минута ги постави конечните 1-2. Елиф Елмас одново не доби шанса од новиот тренер Руди Гарсија.

4 септември 2023 - 09:20