Фудбал

Остај ти 40 метри или пола терен, голман во Чиле даде гол од 100 метри

Играат Кобрезал против Коло Коло во чилеанскиот шампионат. Едниот голман тргнува да дегажира и го начекува другиов излезен од својот шеснаесетник на прошетка. Нема да му текне друг пат.

А видовте ли кои играчи се ракуваа како капитени на Комо и Парма?

Од лево е Сеск Фагрегас (35), од десно Џиџи Буфон (45). Едниот двократен европски и светски првак со Шпанија со 13 клупски трофеи освоени со Арсенал, Барселона, Челси и Монако. Другиот светски првак со Италија со 26 трофеи освоени со Парма, Јуве и ПСЖ и со преку 1.100 настапи во кариерата. Овие две легенди моментално играат во втора лига.

Неверојатна бомба на 38-годишниот Подолски

Прославениот ас кој блескаше во дресовите на Баерн Минхен, Арсенал, Келн и германската репрезентација, веќе некое време е во својата татковина каде во позни години игра за Гурник Забже. Неговиот тим во 25. коло од полската Екстракласа губеше со 1-2 од Висла Плок а Подолски спреми луд пресврт со страшно голчиште од слободен удар.

Колеги на Столе од Рајо дустанаблии

Во 26. коло од шпанска Ла Лига, Рајо Ваљекано ја пречека Жирона. Домаќините играат одлична сезона и се на високо 8-мо место со 36 бода и добри шанси за еврокуп. И наместо да искористат шанса да освојат три бода, денес лизнаа поради своја глупост.

Ибрахимовиќ даде гол и испиша историја

Удинезе и Милан играат луд меч. Во првиот дел паднаа дури три гола. Домаќинот поведе преку Роберто Переира во 9' минута, а Златан Ибрахимовиќ израмни после интересни сцени.

Проектил на Роналдо од слободен удар

Португалскиот ас го режираше пресвртот на неговиот Ал Наср во саудиската Про Лига, откако домаќинот губеше од 26-та минута. Во 78-ма минута Кристијано со прекрасен гол од слободен удар израмни на 1-1 за да Бразилецот Талиска од пенал во 86' ги постави конечните 2-1. Ова беше 9-ти гол за Роналдо на 8 меча а има и 2 асистенции.

Шева без да тапне на најјаката банда на Реал Мадрид

Екипата е страшна и не случајно врза хет-трик на титули во ЛШ. Ќе се зборува за неа со години. Од момците кои ги нема сега во Мадрид, може да се забележат Роналдо, Марсело, Каземиро и се разбира Зидан.

Лига Конференции: Вест Хем во Белгија, Виола во Полска

По Лига на шампиони и Лига Европа, на ред дојде и влечењето парови за третото по ред натпреварување на УЕФА, Лига Конференции. Интересни парови кои дополнително ќе ја зачинат европската пролет. Да ги ѕирнеме:

Пеколна ждрепка за ЛШ, само Интер куртули

Холандската легенда Патрик Клајверт извлече ултра неизвесни дуели во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите. Ќе гледаме италијанска пресметка и битка меѓу актуелните прваци на Германија и Англија.

Пандев доби Златна Бубамара за спортска легенда, цел Борис Трајковски на нозе

Го најави Игор Џамбазов со песната „Ла Вида Томбола“ од Ману Чао посветена на Марадона. Ама направи измени во негов стил за да звучи во чест на Гоче.

Извлечена ждрепка за Лига Европа: Манчестер Јунајтед и Јувентус ги дознаа ривалите

По супер интересната ждрепка за 1/4 финале на Лига на шампиони, попладнево во седиштето на УЕФА, Нион, се извлекоа и паровите за оваа фаза во Лига Европа. Парови за гурмани.

Снајперот на Рашфорд за 27-ми гол сезонава

Манчестер Јунајтед се крена по дебаклот со Ливерпул и во Лига Европа убедливо го мина шпански Бетис (првиот меч 4-1 на Олд Трафорд, реваншот 0-1). Маркус Рашфорд буквално сам ја води екипата и со своите прекрасни голови го трасира патот до Лига шампиони и завршница од Лига Европа. 27 парчиња има досега на свое конто.

Да се потсетиме на најсмешната епизода со холандски голман

Дваесет и девет годишниот Марк Флекен е одличен холандски голман кој цела кариера брани во Германија. Од 2016-та бил во Дујзбург а во 2018-та премина во Фрајбург со кого стигна дури и до еврокупот па синоќа испаднаа од Јувентус. Е тој Марк Флакен еднаш за време на мечот Дуизбург - Инголштад не видел дека голот на неговиот тим е поништен поради офсајд, тргнал да се напие вода од шише и....

Сиваспор прими 4 од Фиорентина, ама евроголот е на Ердоган

Педро од Спортинг го има еден од најјаките голови за неделава на меѓународна сцена. Ама за почит  е и оваа бомба на Ердоган Јешиљурт против Фиорентина, кој само им даде лажна надеж на навивачите. Сиваспорт загуби во Конференциска лига 1:4 и е елиминиран со вкупни 1:5.

Жозе со штослеста зафрканција на сметка на испаднатиот Лацио

Италијанските клубови играат чудесна сезона во еврокупови и првпат после далечната 1999-та година, дури шест екипи останаа во Европа (Лига на шампиони, Лига Европа и Лига Конференции). Испадна единствено Лацио од АЗ Алкмар. Рома издржа кај Сосиедад, ја сочува предноста од првиот меч и оди понатаму. Во обраќање после натпреварот, Мурињо го пецна и Лацио како еден вид психолошка закачка пред римското дерби во недела.

Турска лакрдија на две средби, исходот е раскрварен нос и повредена глава

Навивачите на Фенербахче и Сиваспор синоќа беа ужасни домаќини на меѓународна сцена. Настрадаа Марко Дмитровиќ од Севиља (пак) и Алесандро Бјанко од Фиорентина.

Мајсторија од пола терен на Емирати

По регуларните 1:1 и вкупни 3:3, Спортинг го исфрли Арсенал од Лига Европа на пенали, а го постигна и голот на колото. Ремек делото е на 24 годишниот Педро кој го измами Арон Рамсдејл со скроз неочекуван волеј од 50 метри.

Лука (Виктор) Тони

Во Неапол владее Викторманија или поточно во цела Италија. Со неговата голгетерска форма и приморан имиџ на лицето влијае и кај старо и кај младо. Славниот италијански репрезентативец, Лука Тони со преку 300 гола во кариерата и светска титула 2006 е спремен за маскенбал.

Кај нас волови, кај нив кенгури

За време на четвртото коло од Купот на Австралија, синоќа во јужна Канбера се сретнале Тугеранонг Јунајтед и Канбера Олимпик. Гостите победиле 1-2 а кенгурите придонеле за добра посета на мечот.

Савичевиќ: Миха го исплакав сам во соба во Катар, срце ме боли затоа што беше добар и хуман човек

„Пред финалето во Бари премногу не оптеретија и тоа многу ни тежеше. Имавме чувство дека ако не го освоиме пехарот, кога ќе се вратиме во Белград ќе не носат на стрелиште да не убијат. Таков беше притисокот од новинарите и јавноста. Ние тоа финале го одигравме во грч“.

Модриќ vs Трент за воздишки на Бернабеу

Бројот 37 е само бројка која стои на Википедија за Лука Модриќ. Дечкото игра фудбал како што сака и со ваква форма комотно може да везе во ЛШ и на 40. Публиката веднаш реагира на неговите потези, како на оној против 13 години помладиот Тренд Арнолд.

Кој знае кој ќеиф е кога ќе ти успее ваков гол?

Обично Златан ни е асоцијација на оваа супер атракција, ама се наредија и други мангупи со ваков нетипичен кунг фу потег во фудбалот. Овој пат делото е на Рафа Перез од Сан Лоренцо. Мераци.

Хулк постигна неверојатен еврогол со ножички

Атлетико Минеиро со 3-1 го победи колумбиски Милионариос во реваншот од Копа Либертадорес и со вкупни 4-2 оди во следна рунда. Паулињо даде два гола а Хулк во 88-ма минута направи шоу. Го даде можеби најубавиот погодок во неговата богата и долга кариера.