Фудбал

Крудели е неуништлив, имаше ново шоу

Во студиото на италијанската тв 7, во емисијата Дирета стадио, Тицијано Крудели, легендарниот коментатор на дуелите на Милан, падна во еуфорија кога Кристијан Пулишиќ во 87’ минута даде победнички гол кај Џенова за 0-1. Овој натпревар беше најлуд во цело коло, со црвени картони за двата голмани и со шпицот Жиру како голман на крајот.

Што е со чудесниов еврогол на Коман?

Баерн Минхен го збриша Фрајбург со 3:0. Коман беше двоен стрелец на мечот, а топ тема во Минхен и Бундеслигата ова коло е начинот на кој го отвори резултат во 12 минута.

Најголемото промашување во кариерата на Мбапе

Со головите на Витиња, Хакими и Коло Муани, ПСЖ го доби Рен на гости со 1:3. Мбапе на крај имаше шанса за 1:4, сè направи како што треба, но на крајот имаше пацерски финиш, што е скроз нетипично за класа играч како него.

Остри зборови на Фемили Аеродром до Перо Антиќ

Навивачите на МЗТ Скопје веќе некое време се свртени против првиот човек на КФМ. Овој пат го нападнаа најсилно, со образложение во каква состојба е мак баскетот.

Два историски рекорди на мечот Гранада - Барселона

Барселона спасуваше едвај бод против претпоследнопласираната Гранада во натпревар во кој гостите дадоа гол за 2:2 во 85’ минута. Гранада водеше 2:0 така што Барса може да биде презадоволна од бодот. Интересно на овој меч имаше два рекорди.

Убав гол на Ристовски во пресрет на Украина

Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски го постигна првиот гол сезонава, во вистинско време. Спартак Трнава славепе 1:2 над Банска Бистрица, а Ристовски го постигна вториот гол за својот тим, а воедно и прв сезонава откако одлично се ослободи од својот чувар.

Семејна драма на некогашниот фудбалер на Челси, Арсенал и Ливерпул од Израел

Блиското семејство на четириесет и три годишниот Јуси Бенајун, кого го паметиме по фантастичните настапи во англиската Премиер лига каде играше за КПР, Челси, Вест Хем, Ливерпул и Арсенал, преживеало права драма по страшните напади на Хамас врз Израел.

Смешен автогол на Кјелини во САД

Тимот на Лос Анџелес за кој игра некогашниот капитен на Јувентус и репрезентацијата на Италија, славеше на гости кај Остин со 2-4. Џорџоне си даде автогол во судиско продолжение и по негова среќа кога веќе водеа убедливо 1-4.

Жиру бранеше и му сочува 3 бода на Милан со Џенова

Фудбалерите на Милан во 8. коло од Серија А ја совладаа Џенова на гости со 0:1, го искористија киксот на Интер со Болоња 0:0 и запоседнаа на прво место на табелата. На мечот во Џенова имаше сè и сешто.

Само во Македонија се судат вакви срамни пенали

Воска Спорт славеше против Македонија Ѓорче Петров со 2:1, ама погледнете со каков пенал и тоа за чудо досуден од нашиот најдобриот судија со богато меѓународно искуство, Александар Ставрев. Кај нас нема ВАР, туку срам.

Деби гол на Несторовски за Асколи

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја начна мрежата и во третата италијанска авантура после оние во Палермо и Удинезе. Нестор му донесе предност на Асколи против Сампдорија во 49-та минута, но гостите ги поставија конечните 1:1 само две минути подоцна преку Борини од пенал.

Лудачки пресврт на џокерот Мектоминеј во 93-та и 97-ма за победа на Манчестер

По поразите од Кристал Палас и Галатасарај, Манчестер Јунајтед беше готов да потоне трет по ред на Олд Трафорд. Но внимавајте го добро финишов. Од 26 минута губеа 0:1 од Брентфорд. Скот Мектоминеј влезе во 87-ма и збрца два гола во судиското продолжение за победа и делириум на трибините. И тоа вториот на асистенција на Мегваер. 93-та и 97-ма. Неверојатно.

Дај ваков гол од корнер да те видам

Добро, треба да ти се погоди и голманот.

Само Жозе знае да направи ваква парада пред камери

По триумфот над Сервет од Швајцарија во ЛЕ, додека Мурињо даваше изјава, го викна до него 19 годишниот Франческо Д`Алесио од Примавера на кој ноќта му овозможи на дебитира во прв тим. Потоа во свој стил раскажа една куса и убава случка, која се разбира оди во прилог на неговиот имиџ. Еј кој курназ е.

Како и колку време работел Бекам за да го донесе Меси?

Четири години. Да, четири години им било потребно на Бекам и неговите партнери за да го направат трансферот од соништата кој направи тектонски промени во Америка. Секое сабајле одел да го гледа на тренинг.

Нетфликс го најави документарецот за Рене Игита

Ќе остане запаметен како голман кој ја измисли и изведе најризичната интервенција во историјата на фудбалот со таканаречениот скорпион удар. Икона на колумбиската репрезентација, онаа најсилната од почеток на 90-те со Асприља, Валдерама и останатите. Беше уапсен бидејќи го посети Пабло Ескобар во затвор. 49 гола има постигнато.

„Што ќе ми е дрес од Мбапе, на Јутјуб има дека сум играл против него“

Дан Брн е комичар бр. 1 во англискиот фудбал. Како што на времето беше Питер Крауч кој владееше со царски типичен британски хумор, така сега тоа е високиот бек и стопер на Њукасл. Со 201 см висина и снажна конституција, Брн е карпа во последната линија на премиерлигашот. Дебитираше и во Лига на шампиони а му даде и гол на силниот ПСЖ во триумфот до 4:1.

Од што падна бе цреп?

На толку европски натпревари последниве три дена, мора да се најде и некој цреп. Како се вика црепот? Дамијан Зимански од АЕК Атина на мечот против Ајакс во Лига Европа. Остај ти муабетот, Италијаните само глумеле. Сегде ги има.

Бешикташ водеше 2-0 до 81’ минута и на крај изгуби 2:3 од Лугано

Синоќа во Лига Европа и Лига Конференции се одиграа еден куп натпревари. Имаше сè и сешто а најлудиот пресврт се случи во Истанбул. Големиот фаворит Бешикташ водеше 2-0 против аутсајдерот Лугано до 81’ минута и се беше спремно на стадионот за прослава на нови три бода. Ама тогаш настапуваат гостите и со голови на Алиседа во 81-ва, Влади во 86-та и автогол на некогашниот стопер на Ман. Јунајтед Ерик Баји прават тотален пресврт за кој им аплаудираат и домашните навивачи.

Дарвин требаше да го праша голманот кај да му ја шутне

Ливерпул очекувано го доби Унион Сент Жилоа со 2:0 и има 2/2 во групната фаза од ЛЕ. Требаше и мораше да биде 3:0. Клоп и цела клупа се чудеа порази пацерската завршница на Дарвин Нуњез.

Деби европски гол на Миовски кој го спаси Абердин од пораз

Ништо не прави Абердин без македонскиот центарфор, кој веќе нанижа 8 погодоци на стартот од новата сезона.

Не само што го прати на паркинг, туку и му се извини

Се гледа дека е и подебел и побавен, ама па затоа поснаодлив е. На крај му се сврте и му крена рака за извини. Цар. Ќе пие гратис пиво после утакмица за потегов.

Вечерва на „Енфилд Роуд“ ќе играат брат против брат

Светскиот шампион со Аргентина, Алексис Мек Алистер летово направи голем трансфер од Брајтон во Ливерпул. Фудбалската судбина сакаше тимот од „Енфилд Роуд“ да падне во Лига Европа со белгиски Унион Сен Жилоа за кој игра брат му Кевин Мек Алистер кој е дефанзивец. Од таа причина црвените организирале онлајн муабет на браќата.

Фудбалери во Босна му се пуштија на судијата, па влета девојка му да го брани

Хит видеото кое од БиХ се рашири регионално се случува на нисколигашки меч во Градишка. Медиумите од таму информираат дека интервенција била успешна и судијата си отишол дома читав. Па ваква случка немало до сега никаде во свет. Викнете ги СиЕнЕн.