Турција ги има најдобрите голови на Еуро204

Дваесет и пет годишниот бек на Фенербахче, Мерт Мулдур и тинејџерската ѕвезда од Реал Мадрид Арда Ѓулер во 25-та и 65-та минута од мечот со Грузија постигнаа страшни евроголови! Сигурно најубави на цело Европско, макар досега. Грузија претходно израмни во 32' минута преку Микаутадзе но Ѓулер направи право ремек дело за ново водство на Турција. До крајот Грузија имаше огромни шанси да израмни но прими и трет гол откако голманот истрча во судиско продолжение на корнер.

1:0

1:1

2:1

3:1

18 јуни 2024 - 19:32