Магија на Меси и Ди Марија, Аргентина е спремна за Копа Америка
Во сенка на Европското првенство, во САД се спрема ново издание на Копа Америка која се игра од 20-ти јуни до 14-ти јули и на кое титулата ќе ја брани актуелниот светски шампион Аргентина. Гаучосите на пријателски меч синоќа против Гватемала славеа 4-1 иако први примија гол. Меси и Ди Марија влегоа од клупата и заедно со Лаутаро Мартинез беа творци на успехот. Лео постигна два гола а имаше и една систенција.